сум (гл.) - задоцни (гл.)

Вистина, остана еден печат на преуранета зрелост на нејзиното лице, што пред тоа го немаше, една одвај видлива сенка на староста, прв бран на созревањето, и јас знаев дека тоа веќе не е онаа моја Луција од разбојот, од гимнастичката сала, тоа златно дете чии носници се ширеа по доскокот како кај уморно но весело коњче; но бев среќен што тоа е сепак Луција, макар и една друга Луција; ми се чинеше дека сум задоцнил, дека нешто ми е одземено од првата за да ја добијам оваа втората Луција, но мојата љубов во ништо не се менуваше; дури може да се каже дека сега во оваа Луција ја сакав и претходната Луција, и сегашната; јас сега сакав две Луции, и тоа беше невозможно да се поднесува без допир со Луција.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Оди кажи му дека ме заболе главата и...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
КЕВА: (Тргнува.) Леле, леле, леле!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Параскево, парчиња да се сториш! Параскево!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Како да одам кога сум задоцнил со вас шашардисани и сплеткани!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТЕОДОС: Кинисал! Уф, сум задоцнил!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
А јас... (Погледнува на саатот.) Не работи. Тоа ли е ред! Ако сум задоцнил?...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТЕОДОС: Зошто да запре? Тоа ли е ред? Ако сум задоцнил? Ако оној Арсек...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)