сум (гл.) - дојде (гл.)

Го гледам целиот тој предел како да ми е на дланка, но истовремено тој е колку една ледина на која јас како да сум дојден на викенд.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
- Како горе на земјата! – велам преплашен дека сум дошол во пеколот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Освен, ако тоа не е некое пресоздавање, инкарнација во која никогаш не ќе дознам ни што сум бил ни од каде сум дошол.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Еве сега, заминував од каде што сум дошол, одев во главниот град, во С., за потоа уште еднаш да се вратам, но со фермани в раце, како што се враќаат победниците.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Јас сум дојден овде да учам, не да се женам.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И така бргу сум дојден, та ќе ги убедувам агите оти не сум ни бил в планина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Среќа негова. Да беше на сантиметар лево или десно, со првиот куршум ќе настрадаше.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Мислам дека ќе фати оваа боја, а? — Убаво си ја скроил.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во тоа време портата уште посилно затропа и дебелиот глас од Чамичауш пак се слушна: — Излевај, бре ќерата, дури не сум дошол да ти сокршам коските!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од што сакам да сум заштитен?
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Па, се разбира, од онаа возбуда поради нашата акција. Леле, кога мама би знаела!
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Не е важно дека јас не сум дошол на ред да корнам амблем од некоја кола.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Како сум дошол во домов, кој ме донел, кои ми се евентуално родителите?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
АНЃЕЛЕ: Оке, внуко! Сега сум дојден, што сакате со мене тоа правете: ме колете, ме бесете...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ако разберат едни од други, сета рода дека сум дојден, тогаш работата многу ќе се прошири.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но, јас сум дојден овде, пред сѐ, да поздравам писател со голема вредност кој примерно ја претставува ерудитската и книжевна мисла на својата земја.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Многу работи ќе треба да се разјаснат пред да го сторам тоа!“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А потоа, наеднаш, без да инсистирам на некакво вмимание или пак ветување што треба лично да го изрече, тој уште еднаш потврди дека не случајно спомнал оти знае што ме мачи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И за да ме ослободи од сомненијата најде за потребно да додаде: „Не, чичко Боге, ни не помислувајте дека веднаш ќе се затрчам да го барам татко ми.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Треба веќе да се вратам таму од каде што сум дошол.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Молчев со наведната глава и се чувствував како виновник - можеби нацртав лоша сенка. - Како папагал без крилја...
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Што всушност се случило? Во таа состојба на опиеност, во која ниту сум бил на небото, ниту на земјата, во мојот облак светлина (никогаш од тогаш не сум ја видел таа светлина, а копнеам по неа; ќе ја видам ли уште еднаш, макар и во некој друг живот?), сум дошол до Луција, и мислејќи дека фантазирам за себе и во себе, сум ја изговорил целата фантазија, во два гласа, машки и женски, пред неа и пред нејзините другарки, што предизвикало општа смеа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
“Се разбира,” рече Ливајн, “се разбира, исто како да сум дошол дома за викенд.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Јас, да ви кажам право, бев како маѓепсан, ни збор да ми излезе од устава, само молчев, како загулен, никако да му објаснам на брат ми, дека 66 okno.mk сум дојден по своја работа, дека имам право да имам своја работа и слично а тој, како и обично, ни паре не даде за мене, баш нему му беше гајле дека јас нешто имам да завршам.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Аман, бре штрку - му рекла мечката - ти и Господ, до тебе сум дошла да ми посигниш во грлово, што ми се запре една коска, од едно пусто магаре што го изедов.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Човеко му рекол: - Ја су човек! 'Рслано па му рекол: - Ја су дошол да се борам сос тебе, оти ти си бил појунак од мене!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Прај што праиш, одовдеа кај што сум дошла јас, рака да не тргаш, да ако ти излезе лошо, мене да ме колниш.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
И, сум дошла неподготвена, да не речам ненајавена, а таквите не поминуваат добро. Тие поминуваат лошо, многу лошо...
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И, додека како Германка занесена во книгата заборавам каде сум и со кого сè сум дојдена, слушам како тројца „напалени“ Срби коментираат како сум сирота и сама и како би ме дружеле наизменично.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Кај сум дошла вака, господе, си велам, вели, и со кого сум дошла олку далеку, вели, во туѓо поле, во туѓа пустелија.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе се пресрамам и ќе се вратам од кај што сум дошол.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Ќе појдете кон Лесново, ќе го оставите моето колило.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ако оди, си велам со умов, на кај брата си, нема брзо да се врати, ќе претрчам до каде Антица да и се јавам дека сум дојден.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Антице, дали знаеш, душо, зошто сум дојден?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Е сега да ти кажам, ќерко, што сум дојдена.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
На овој свет сум дошол со убава рана; тоа ми е целата опрема.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Многу луѓе го пружаат својот колк и одвај ја слушаат секирата во шумата, а камоли како им се приближува.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Три воздишки: - Тоа си ти, Пупи Паф.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Сега знаев дека, скитајќи низ градот, сум дошол до куќата што воздивнува, а ако се очекува да ја опишам, ќе го сторам тоа: накривена коцка од бигор, без оџак и без прозорци, насреде со пукнатина, нешто како влез.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Впрочем, сега подобро ќе разберете зошто сум дојден првин во Вашата книжарница во Париз, а потоа ќе одам и кај париските букинисти?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Јас сум дојден да ги видам Вашите книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не сум дојден овде да купам галерија на души за помал или поголем напис.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сум бил до таму - ама мојата самовила ја немало ... сум заслегол до пештерата-бигорна -ама и таму ја немало... и заслегов кон изворчето, кон коритцето-бигорно... капките си капеле - и тенка шурка се лизгала наудолу... и тогаш свртев накај карпите откај што сум дошол, кога се сретнавме со Ѕвезда моја... и се спуштив удолу - накај Езерото...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Де сега, кога сам ме наведе на муабетот, да ти кажа и зошчо сум дојден, дури децата не се прибрани.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Јордане, јас сум дојден за Симка.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
СТРИКО КОЉО: (Седнува). Така, така, меници... Ама, за друго нешто сум дојден, Јордане.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
И знаеш, Рајно сестро, уште сака да се жени... За тоа сум дојдена... Фрлил мерак по вашата Симка.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Их, бре! Заборавив зошто сум дојден!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
„Јас, сестри мои, не сум дојдена да ви зборувам, туку да плачам, во плачот нема акцент”.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
„Каде сум дошла? Ова е за мене некое странство!“, велеше Летка по возењето од Солун до Воден, утредента додка ја согледуваше новата околина во која што се најде.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Не сум дојден по Коља, туку по Марија.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Си ветив дека ќе го сторам тоа што е можно поскоро.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Од кога сум дојден во Скопје се немам качено на тврдината?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не сум дошол зулум да ти чинам.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
„За тоа и сум дојден кај него, нешто да поднаучам, нешто и да купам ако мора“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И јас за дрво си плачам, што се вели, сум дошла од којзнае каде и, овде, во Сибир, ќе го бранам социјализмот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не знам како сум дошла овде, кај сум била досега, кон кај да се свртам сега.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Чул дедо дека сум дошла и ете го со прелапнати вилици.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Овен сум дошол да купувам...
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- Та затоа сум дојден јас, стрико Крстине.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Само да не сум дошол во невреме?
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Кога му кажав зошто сум дојден, го пушти Килета, ама не пропушти да ми рече: - Мајка ти да не знае поубаво од мене да му ја измие главата?
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Зажалив што воопшто постојам, што сум дошол на овој свет.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
На тетка Данче ѝ објаснив зошто сум дојден и таа ми вети дека сѐ ќе биде во ред.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
„Пак сум дошол, мати, да се видам со жена ми Калија”, рече Марко.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Мил, оче”, рече Тодора со умилност за приказ, „сум дошла кај тебе од што една мака ме мачи, мака што не смеат ни моите блиски да ја знаат.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сега сум дошол само да те видам тебе, да те прашам за доброто здравје и за раните, ако ми дозволиш.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Исто така, ми се чини дека многу добро те познавам и дека ние двајцата одлично се разбираме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Понекогаш верувам дека сум дошол во твојата земја и дека сум се сретнал со тебе.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сепак, тоа што моментално го имав во животот ми беше некаков успех, тргнувајќи од фактот дека сум дошла од провинција во источниот дел од земјава, каде што птиците заборавиле да пеат кога летаат.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)