сум (гл.) - влезе (гл.)

Таму никогаш не сум влегол, ама дознав од други дека има 12 одаи, една голема сала за состаноци, кујна.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Зашто, ако не сум направила ништо за себе во последните 3 децении, во една ноќ сум влегла во десеттина кафеани, од која едната специјално ми ја отворија само за да влезам во тоалет, па пиев и вино место чај (а, тоа не сум го направила никогаш!), шетав во парк по дожд, разговарав скокајќи од тема на тема за да стигнам да раскажам сè, се срамев, не се срамев, сакав да заспијам, не сакав да заспијам и, во едно деноноќие, ги доживеав двата изгрева...
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Никогаш не сум влегла во толку голема и светла мијалница.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сум влегла во некој кошмар и ту наблиску, ту надалеку си го слушам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сум влегла среде раскош што не ми прилега.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сум подвлегла во некоја тивка дремка и ги сонувам оние од кои се плашам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Уште не знам во што народ сум влегла.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми жуборка гласот, мислам во најубава гора сум влегла.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Е така де, ама сега, кога јас лично се обидов да го најдам тој влез, ми изгледаше како да сум влегла во некоја од епизодите на Twilight Zone (или послабата реплика The Outher Limits).
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
ОСТОИЌ: Сум влегол јас и на позатворени места. Се запознав со Кајмакамот. Ме викна на партија карти.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Тука на Закинтос се молев и во нашите синагоги.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Евангелист”, кратко одговори Беренц.  „О, сум влегол во толку евангелистичките храмови на горна Германија.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Но, сепак се премислив, оставајќи го тоа за некој другпат, можеби за тогаш, кога ќе забележам дека сум влегол во пубертет.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Како да сум влегол во нејзиниот сон, што ли?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
По овој непријатен настан што се одвиваше пред вратата на тоалетот настапи затишје во кое единствено се издвојуваа нервозните чекори на тетка ми која патролираше низ ходникот, веројатно, како што претпоставив, чекајќи ги децата да излезат од тоалет за да исчисти по нив.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се почувствував како да сум влегол во слика од списание за мебел и просторно уредување.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
„Ова мора да е крв,“ рече, кога ме забележа дека сум влегла во просторијата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Не е,“ реков. „Крвта е црвена, ова е кафена боја.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Произлегуваше како јас воопшто да не сум влегол во канцеларијава.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)