Недалеку од изворот и устието на реката, во семејството на кое му е судено да доаѓа од некаде или да оди некаде.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Оној другион го губи тактот, несовладливо му упаѓа во мислите на Арсо, кој сега смело ги урива неговите доводи: „Ви е судено да умрете не од вашите зборови, туку од нашите бомби“! Страшно е да се гледа тоа.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Исполнет сум. Претечувам Од ѕвезди, од песни Со кои ги залечувам Невидливите арабески Изрежани по суштината Моја, по внатрешнината, Од која се лачат и зрачат Моите певни стихови, Моите копја и штитови Со кои се бранам и напаѓам Крај кон се раѓам и умирам (Пак и пак и пак) Се чини, така ми е судено Да сум стишен и извишен знак. Зрак.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
А ние луѓето, кутрите, се раѓаме на едно место, кој знае каде ни е судено да умреме!“
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)