струи (гл.) - низ (предл.)

Благо струи низ жилите - целиот ме тресе.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Потполно сум предаден на звукот и го чувствувам ритамот како ми струи низ целото тело, од рамениците, до колковите, па до прстите и јас се движам, се вртам.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
1.30 Одат Primal Scream и “Loaded” и јас се губам во одекнувањето. Се ширам, горам, пламнувам во просторот помеѓу дисторзијата и ударите.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Лабаво струеше низ него и го оддалечуваше од започнатиот разговор, од темното струење во тој разговор. Водата го разблажуваше неговиот мрак.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Му ги триеја рацете и нозете, ја гонеа крвта побрзо да струи низ жилите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Зошто ли тие луѓе толку многу сакаат да струјат низ мислите на другите луѓе!?
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Почнува да струи низ централниот проток, до средиштето на главата и пак се враќа назад.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
На врвот само легнав и не гледав, како другите, ни кон авионот ни кон ливадите, туку лицево го нурнав во влажната лединка и, зазбиван, ненаситно ја полнев устата со свежина што студено струјкаше низ тревата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Додека првиот дим се спојуваше со мелодичната “I wanna be adored” некаде горе на таванот, Тој му се препушти на сочното интерфелацио што му струеше низ главата.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Музиката струеше низ мојот грб и се појавуваше на врвовите на моите прсти.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Бранови на звуци струеа низ мојата коса како некој да ме милува.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Животот повторно забрзано струеше низ нашите жили.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ја држев за рака крај креветот, небаре ја контролирав топлината која ѝ струеше низ телото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)