стрела (гл.) - со (предл.)

Над него, од висината на коњот, стоеше стражарот, го стрелаше со очи а корбачот му се потресуваше бесно во раката, готов да засече пак во овие клапнати раменици.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Стрелав со погледот наоколу и прецизно забележав дека некој го забележа тоа.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Во некој дел на Африка, во близина на идниот главен град на Египет, џинџестиот Жерав ги видел своите роднини, бели и горди, крај голема река. Се растажил.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Дали ќе нѐ стрелаат со нив, или со друго оружје?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И пак стрелал со своите четири пушки стискајќи секакви крпи врз раната и со матно сеќавање на мајчините прикаски за араратски осаменик што со своја крв поел некаква земја што можела да се протега и во Библијата и во Коранот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Стрелале и го прашувале дали сѐ уште сака да има деца, а тој, антав воин, со тешки зборови им одговорил дека ништо веќе не сака, дека е од нивна пушка крвав над коленици, жив за борба но без машкост за татковски соништа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Затоа тие, не само што не покажаа страв пред ужасната смрт, ами напротив, ги кренаа главите високо и гордо ја стрелаа со очите насобраната маса нечисти.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А оној што сака да носи воздушна пушка, што сака да стрела со неа, нека оди на стрелиште, место предвидено и уредено за тоа.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Чичко Анѓеле, Федерико и другите стрелаа со пушките.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Колоната застана. Германците почнаа од колоната да стрелаат со противавионски митралези.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Дојде ли до каква било засечка стрелајте со вкрстен оган и во Младичот и во Ѓорчета.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)