4. За сето останато мудурот уште на вториот ден испрати по еден од заптиите, преслечен во селски алишта, извештај до кајмакамот во Прилеп, но петте стотини жолтици го ублажија неговиот гнев, та сета оваа кривица ја префрли главно на стариот свој душман Толе Паша и на комитите од Организацијата, за која тој имаше точни податоци.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Турците почнаа да стрелаат на ветар, а христијаните да кршат прсти и да се жалат, оти утре ќе ги јадат овие „пци“.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Кога виде дека не стрелаа на неа, се поткрена, ја отсурми и ја отвори едната пола та излезе на уличето.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Од јагодиците, што не беа покриени од небричените бради, светеше црвенило, свежест и младост, а живите сиви или црни очи стрелаа на сите страни и можеа да познаат човек на цел километар.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Селаните се поиздишија кога Трајко им соопшти дека се слободни, но да гледаат позарана да си идат в село оти падна ли мракот — аскерот ќе стрела на секого било да влегува, било да излегува од село.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Стрелајте на кучињата! Тоа беа последните негови зборови.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Пак згрмеа комитските пушки... Горе се крена чад.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Во еден бесплатен културен водич, проследувачот на кино програмата за филмот „Серафим Фолс“ на режисерот Дејвид Фон Анкен, запишал: „Независно од тоа што сите стрелаат на месо, во класичните вестерн филмови ликовите постојано се делат на добри и лоши.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Така загледани можат да објават, па да ја информираат јавноста дека ќе стрелат на месо и дека она што ќе го кажат е она што не може да се премолчи.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Ми вадат нови обвиненија дека некогаш некаде сум рекла: „Ако некоја Македонка се омажи за Грк, јас ќе ја стрелам на првиот ѕид“.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ристаќи се појавува на балконот и точно кога Илија се издвојува од другарите стрела на него и го погаѓа тешко кој се срушува со зборовите: ИЛИЈА: Оф, Антице, ме отепа тоа куче, вујко ти!
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)