стравува (гл.) - дека (сврз.)

Стравуваше дека може да се случи токму цариградската диплома, легализирана одамна во родната земја, да биде извор за нови подметнувања и денунцијации.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Покрај тоа, стравуваше дека ако продолжи да инсистира на своето несогласување, О'Брајан одново ќе го вклучи бројчаникот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Татко стравуваше дека фанатизмот на чистењето на јазиците, насилното ослободување од туѓите зборови во јазиците, еден ден би можело да се префрли и на етничкото чистење на народите, стравуваше тоа да не се случи на Балканот и да дојде до невидени братоубиствени и истребувачки војни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Постојано ми зборуваше како стравува дека на крај јас ќе го зафркнам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
И тој како и Кирилов увидува дека згрешил, па стравува дека еден ден ќе се урне неговата градба врз утописки темели.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Јас сум пак таму меѓу зградите на „Нова Македонија“ и стравувам дека секој час можат да ми излезат.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И му рече дека стравува дека токму таа одмазда, во вид на слабоумност виси како сечило над нашиот род, над царството наше и нашето општество, па затоа и логотетот сакаше да знае: што се крие зад тајниот запис.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
При овие зборови, којзнае зошто сосема неконтролирано насмевката ми слезе дури кај усните.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Нема потреба да се стравува дека може да задоцни на целта?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Еднаш ѝ загатнав нешто на таа тема.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Вистински стравував дека може да ми ја отмат.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но обајцата ќе бидат во искушение да побараат имунитет и ќе стравуваат дека другиот ќе признае.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)