стори (гл.) - неколку (прил.)

„Веројатно повторно ја згрешивме“, втаса да помисли, но пред да ја напушти просторијава стори неколку чекори кон прозорчето поставено малку повисоко на празниот ѕид од левата страна.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Сторив неколку чекори и се свртив надевајќи се прилично глупаво дека ќе успеам да откријам што видов.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Колковите навистина ѝ се движеа како клатно на ѕиден часовник, дури ми се пристори дека нешто ми кажуваат тие движења и тој звучен ефект од нишањево не беше ништо друго туку објаснување за нејзината голема дарба: (тоа Катерина ми го рече откако стори неколку чекори), а малку подоцна додаде дека умеела да го изведе она кое Јана; за да посака да го изведе ќе морала најпрвин да го смисли а потоа долго да вежба и тоа само за да постигне нешто што сепак ќе личи на обична имитација.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Женава си е чист сурогат! рече, мислејќи веројатно на Јана, додека со нескриено самозадоволство си го потчукнуваше заобленото бедро со розовата дланка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)