XLIX Без претходно да се договорат за тоа, Татко и Камилски продолжија да избираат зборови во функција на прикажување на тоталитетот на историскиот процес на Балканот, свесни дека тоа можело малку да го сторат пристрасните историографии, парцијалните и недостапни архиви, нецелосните институции, силата на заборавот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И така Татко во новата серија турцизми (гурбет, сургун, гајрет, гајле и беља), предност му даде на зборот гурбет, со потекло од турскиот збор kurbet (а тој од арапскиот збор gurbgurbet), присутен речиси во сите балкански јазици со ист корен, а со мали модификации, со широка гама значења: живот и талкање по туѓина, заминување во на печалба, осамен живот во туѓина, егзил...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)