стори (гл.) - пресуден (прид.)

Нерешителен да го стори пресудниот чекор во едната или другата насока, првиот пат да ја прифати „отоманската врска” која му се нудеше преку неговиот славен вујко Фетхи-беј Окијар, а вториот пат, да ја прифати „француската врска”, преку францускиот генерал Едуард Огист Мортие, командантот на окупираната зона на Поградец, за време на Првата светска војна, Татко засекогаш си оста­на во „балканскиот лавиринт”, како што и самиот рече во една пригода.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не успевајќи навреме да го стори пресудниот чекор, да појде кон Запад или кон Исток, насоките на неговите постојани илузии, останувајќи засекогаш во овој град, поверува во сигурниот реванш на судбината.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)