стори (гл.) - на (предл.)

ЦОНКА: Леле! (Притрчува, го зема бебето.) Што му стори на кумот, цревце и црвче низаедно! Проштавај, кум Давадосе!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
- Имате среќа што не сум грчка полиција, па да ве казнам со три месеци затвор како што му сториле на оној неранимајко Љубе-Шеќер, - ни рече.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
На бледата светлост гостите им се сторија на децата џинови.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А, моите лаги,исти секој ден, исти, смешни и проѕирни: „Па немаше автобус, кочан се сторив на автобуска...“, па „ми побегна пред нос“, па „се расипа на ’Јаја Паша’, па „чекав друг да дојде“ и сѐ така...
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Како? му се стори на момчето дека не разбира. - Ние? Не. Кој ти кажа тоа? - Кое? За кралчето и за порезот ли? се замисли воденичарот. - Тоа син ми Божин. Не ве мириса.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Црквата екна, офнаа иконите, се затресе олтарот - така му се стори на попот Ставре кој сега немаше друга моќ во себе освен да се предаде на семоќниот водител негов, оној што го тешеше, ама и го туркаше од немило до недраго, како и сиот негов народ.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Како можам да мислам дека баџанакот веќе ѝ го сторил на жена ми она што јас ѝ го мислам на жена му.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Сите тројца беа осомничени, а во Потковицата тоа секој го знаеше, дека соработуваат со комунистите во Прилеп: собираа пари, обувки, облека, храна и оружје за партизаните, но зашто не можеше ништо да им се докаже, односно зашто имаше кој да го заштитува Ѓорета, деленицата нивни, Божин Дамчески Штркот, кој таму, во Софија имаше своја фабрика за шеќер и врски со дворот, секогаш кога ќе ги затвореа по неколку дена ги пуштаа, а тие, предводени од Ѓорета, пак си ја продолжуваа старата работа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тоа, да ја отера бомбата во Прилеп на воловска кола, иако неексплодирана, намерно им го сторија на Ѓорета Дамчески, на Дикса и на Бориза Една, намерно им направија така.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)