стори (гл.) - ниет (имн.)

Ами ако татко сторил ниет и дал збор без мене, нека ме има он на душа, јас пак не го оставам да биде страмен.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не се најде дури ни некој таков, кој, после, ко се дозна за тоа, барем само да речеше дека му се присторило нешто така, како да поминува некој по сокаците, но од што умот му бил зафатен на друга страна, да пази на тоа за кое бил одреден да пази, не се сторил ниет ни да помисли дека некој може, ако не е лично Хаџи Ташку со дружината, да се крене на пат по такво време.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Лишките немаат врска со оваа работа, вели налутено Максим и во истиот миг се прекорува себеси што откако се заветува зимоска дека еднаш ќе го отепа кобникот од Камен, а не го стори тоа, не се стори ниет ни да се сети на него, а еве сега на друго си помислува, поправо зад друга помисла се затскрива: и да го отепаше, и да разгласеше дека е бувот отепан, луѓево пак ќе веруваа дека тие, лишките, им ја донесле оваа несреќа, а не тој, Лазор Перуноски, во час на пијанство.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Боже, кога би се замислил тој и кога би сторил ниет да сфати колкаво зло сам да си причини може!!...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
ПИШМАН АЏИЈА Еден богат чоек сторил ниет да оит на Божи гроб да се чини аџија.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Секој што беше ошол, секој беше му 'и бројал и токму четириесет му биле зајаците, ниту еден не беше му избегал.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Чуло и момчето што беше му ја видел ногата на трипати.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
ПОПОТ ПИЈАН ШТО ПАДНАЛ ВО КАЛТА
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Е, што вака де, што де?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
По некое време, сторил ниет царот да ја мажит ќерка си и распуштил абери по сета држаа негоа по момчињата: кое момче ќе ја погоди што нишан имат на снагата ќерка му, ќе му ја дал за невеста.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)