стори (гл.) - зло (имн.)

Христијани сте и Славјани па ако ни сторите зло на мене и нејзе, господ нека ви плати.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Стори добро и ќе посакаш да сториш нова добрина; стори зло и нови зла душата ќе ти посака.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Си ги повторував нејзините зборови, но тие не носеа утеха; „сѐ ќе биде добро“ – тие зборови ми се враќаа со некакво подмолно, потсмешливо ехо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А тој ден, по таа средба, си ги повторував зборовите на Добрата Душичка: „Сѐ ќе биде добро“, а тие бледнееја пред прашањето: Зошто страдаше таа, која никому никогаш не му беше сторила зло?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Но ова се претпоставки" вели Поетот“ а ние, барем засега, можеме со сигурност да сметаме само на еден факт, оној, дека стореното зло во сонот не остава трага, па дури ни во случаите како во оној кај Данте: Верувајте видов и уште го гледам трупот кој својата глава место фенер ја носи лулајќи ја на мртвите коси! ...
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)