стори (гл.) - го (зам.)

— Вајда не вајда, стори го ти и не сакалдисувај се за плаќање. Гледај шо помалку ќотек да јадиш.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
ФЕЗЛИЕВ: Срамота. Ако веќе сте решиле да го ликвидирате Младичот за да не ви ја открие трагата, сторете го тоа доблесно, машки.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Но ти - можеш да помогнеш. Вети дека ќе ме заколеш и стори го тоа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Дојди, не плаши се. Со тој твој камен стори го своето.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Стори го тоа, слуша или самиот говори.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сакам да те развеселам. Развесели ме, реков. Стори го тоа.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Стори го тоа, Жеро, реков во себе.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Во пределот река сува и зад неа шума глува Во шумата, под даб свиен, на стар душек костур спиел.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Не нагрдувај ме - рече малку подоцна - само тоа го имам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Како да поверувам дека сум обвинет кога никој не ми ја соопштил вината? Сторете го Вие најпосле тоа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Ако посакаш некогаш да го сториш тоа, стори го внимателно, без голема омраза - ме замоли таа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ослободување од вината (за која ништо немам слушнато досега) од никого немам побарано, ниту пак сакам…
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Тоа стори го, она донеси го. Ама, не тука! Ваму несмаснику! Така. А сега, тргнете се за да го наместам“.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Газдата Спиро Михаилов лично ми рече: "Твојот човек, госпоѓо беше голем мајстор.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сѐ она што е сторено го сторија неговите раце.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Ова не чини, не прави го, тоа е добро, стори го“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Штета што се случи она што не требаше да се случи“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Нова, на стар глас. (Прв пее тој еден стих, па сите повторуваат, стоејќи над Теодос кој сам седи погоден од песната, се удира со тупаници по глава и ја удира главата во дрвото, во врвна очаеност.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Сакам да кажам.., Ама зошто, бре брате, ти не дојде до мене, туку буп! кандиса!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Стори го волкот аџија, тој пак наместо вангелија, ќе рече јагнелија...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
А ти, коџабаши, ако си некоја.сила и власт, удри по адетот, стори го јасак!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
А се сеќавате ли до каде овие будалштини ги доведоа Индија, Тибет, Кина? Знаете каде! Margina #32-33 [1996] | okno.mk 29
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Небулозната Сократовска идеја Стори го тоа сам, што ја создаде модерната демократија, е практична, здраворазумска, разиграна Атинска верзија на Хинду- Будистичката-Таоистичката јога.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
А, и ти Брезо стори го истото, веќе е доцна.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Те молам, стори го тоа за мене, молежливо трепкаше со крупните сјајни кафеави очи врз кои се свиваа густи лаковидни поткренати веѓи.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Ајде биди кулл – го имитирав брат ми – во Охрид стори го она што треба, а ти ќе знаеш како и кога, само малку подразмисли.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ќе видам – се согласи тој – а кога ќе се вратам, ќе ти раскажам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)