И има, има - радост голема радост длабока во темнината: да светиш, Вело, жар да се стопиш во борба гроб ти душа не зема!
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Потоа овчото лице се стопи во фигурата на еден евразиски војник кој изгледаше како да напредува, огромен и страшен, со машинска пушка што рика, и изгледаше како да скока од површината на екранот, така што некои од луѓето во првиот ред навистина се тргнаа назад на своите седишта.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Но во истиот момент, предизвикувајќи длабока воздишка на олеснување кај сите, непријателската фигура се стопи во лицето на Големиот Брат, црнокос, црномустаклест, полн со сила и со загадочно спокојство, и толку голем што речиси го исполни екранот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Последна мрежеста кошула на утринската магла се крена и се стопи во воздухот.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Јас посегнав по зглавје од камен а каменот цврсто ме стопи во мигот...оградена со јад и болка...каменот го сомлев...го преплашив со мојот огромен страв...мајка му на Прличев можеше да ми позавиди...само да беше жива...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Важен агенс во повторното соединување на пациентот, во овозможувањето парченцата повторно да се сретнат и да се стопат во едно, е љубовта на психијатарот, љубов којашто го признава целокупното битие на пациентот, и го прифаќа без ограничувања.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Одеднаш јарето исчезна, чиниш се стопи во мракот и темнина стана, стана слана на калдрмата...
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Беше толку нежно што Рози се плашеше дека може да ѝ се стопи во дланката.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Експлозијата од средбата на доброто и она другото ја стопи во пареа сета негова безобѕирност кон сите поранешни жени... оваа не беше жена.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
И едниот и другиот сакаат да ја претворат, да ја удават единката во колективното, ништо да не остане посебно, издвоено, маркантно, сѐ да се стопи во инкубаторите во кои се одгледува просек.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Поскоро да потоне во мрачините и да се стопи во нивната тишина.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Повторно ги повика маскираните. Овој пат ги стопи во гејши со набелени лица, врамени во тешки облеки.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Тие изгледале мудро под црните забратки, очите им биле врели од страст да победуваат. Или само така му се чинело на зашеметениот поп.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сакал да стане, да ја прегрне привлечната селанка, да се стопи во неа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- и веќе се впивал во замислениот облик на жената што ја создавал од копнеж и од страст.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Не се крстеле - ќе ја скршат тврдоглавоста на човечето во стуткана мантија и ќе ја омажат осаменицата, Доце Срменков не се стопил во капка восок за да не може да ја обогати со рожба.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Кога ќе се загледаше поупорно, пред неговиот поглед сè ќе се измешаше, ќе се стопеше во сивозелен превез зад кој престанувауше животот.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Проклет да бидам, ако тој мируваше, ако беше стопен во општиот строј.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Но, и таа реса бргу се стопи во белата јаснотија што го обземаше дури и него самиот.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Се разделивме тихо и забрзано се стопивме во сенките на бавчите.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Пчелките нежен касај ми оставија, ко цветови од црвени усни Во дремката на ноќта, празноглав со стакленици ги потпирав капаците на темнината Во небото ѕвезда Деница светкаше Мракот се стопи во зракот на утрото Со сиот жаргон се обидувам да го спасам денот кој навестува нова мора... залудно
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
А кога и него го изгрицка и го стопи в уста,ја оближна дланката и усните и ја зеде книгата со двете раце да ја чита.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Имаше наши измамени на патот на јагулите, останати довек в туѓина, со аманети и последни пари да се испратат по смртта коските во родната земја, верувајќи дека само таа може да ги прими и да им даде спокој, да ги стопи во дното на копното, како јагулите во дното на океанот.“
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)