„О, ви пречам?“ „Не, не. Само подобро е да не стоиш толку блиску до ѕидот.“
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Кутрите Планини, затечени в расчекор А не знаат каде им останале сенките Затоа и стојат толку огромни, врзани за јазолот на немоќта.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
„Порано, Марко, беше власт“, ја собра попот басмата во поширокиот ракав на мантијата: се чудеше како може домаќинката да стои толку долго неподвижна и со наведната глава.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
САВЕТКА: За тоа, ако гледаме на ред и адет, така си е, ама до мене не стои толку работата колку што стои до брата ми Ристаќија.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Не беше таков Гоше, не стоеше толку мирен. Го оставам, се вртам, викам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Како закован тука седев со часови, о боже, како не ме изгоре сонцето (не знаев дека не е убаво да се стои толку многу на сонце).
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Тука беше нејзината невестинска кошула, бела како снег, со ситен алов вез, која ѝ стоеше толку убаво кога беше невеста - висока, јадра, црноока и чудно убава Бојана.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)