стои (гл.) - отстрана (прил.)

Земанек стоеше отстрана и гледаше во мене стрештено, како кога бевме на насипот со пругата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Таа стоеше отстрана и плачливо шепотеше: „Ама јас сум... истата, таа...“
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Јас гледав во брошот; го зедов во рацете и го превртував; Јан стоеше отстрана, како во некој транс, како во некое бунило и велеше: „Јас го украдов, онаа вечер, на кејот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Стоев отстрана и чекав да ми опредлат улога. Но како да ме заборавија.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Разни низами, чувари на редот, стоеја отстрана, ама низ народот сновеа и сејмени со кубури на појас и пушки преку рака, заптии и гавази.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)