стои (гл.) - настрана (прил.)

Не сте вие подобри од нив, им викна Крсте. Од кои не сме подобри, праша Куцаров.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Седна на каменот, ја симна пушката од рамена, ја стави в скут и се загледа во полицајците, кои, иако се правеа осилени, стоеја настрана од народот, тројцата на купче собрани, и уплашено се ѕвереа на сите страни.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Јадеше стоејќи. Ги истресе трошките од рацете и му се обрати на командирот на командниот центар кој стоеше настрана: - Ќе може ли со џип да се оди до Лабаница? - Тешко... Падната е карпа...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тие имаа неподелено мислење и за тоа дека Балканот бил вообличен од византиското и османското наследство.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но и Татко и Камилски во доменот на ориенталистиката признаваа дека се автодидакти, но гордо си признаваа дека се балканофили и балканолози, кои со богатите искуства од нивните животи, Татковото источно искуство и Климентовото западно искуство, го сочинуваа најцврстиот духовен мост на Балканот, стоејќи настрана од идеолошките и националистичките историографии.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но 1 е особен број. Тој може да стои настрана, како показател на отсуството на броењето. 2 е веќе првото множество на броењето и зад 2 се останатите броеви.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Некои од селаните стоеја настрана и не учествуваа во веселбата, зашто ја жалеа мајка му од Танаил која умре синоќа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Стоев настрана и молчев, никој не ми даваше право да речам дека мојата страст се растенијата.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во прво време Богданов стоел настрана од револуционерните превирања во Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Цветко Трајаков требало да стои настрана, да се крие, и кога сите гемиџии ќе бидат мртви, да го издебне валијата кога излегува од дома или од вилаетската зграда и да го убие, а и самиот да се застрела.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Мече за сето време стоеше настрана, гледајќи го со затаен здив сето ова, одошто на душата му стануваше светло и радосно.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Јас стоев настрана. Кога и ги одврзаа бандажите, затворив очи.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Нумо, заради тоа што првиот пат се вмеша во навалицата која го преврте и почна да го гази, сега си стои настрана и никако не може да ја здогледа кабината на камионите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Нумо, потпрен на патериците, стои настрана.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Трајче стоеше настрана и разговараше со мајка му.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
На свеченоста што се одржа во училиштето по повод завршувањето на училишната година, кога сите ѝ честитаа на Лорета како најдобра ученичка, Аце стоеше настрана.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Кога стигнавме во Рим, нѐ пречекаа со музика и со цвеќе. Ти некако стоеше настрана!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Додека го закопуваа Илка, тоа стоеше настрана и гледаше кон гробот на Илко. Испушташе глас како да цимоли.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Но таа се сеќаваше и тивко стоеше настрана, набљудувајќи ги шарите на прозорецот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)