стои (гл.) - залепен (прид.)

На крај улица стоеја залепени на ѕид Кузман и тажнооката Адамова ќерка.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Мил стоеше залепен до прозорецот од својата лабораторија како некоја икона и гледаше во дворот, во прасето, но гледаше некако замислено, отсутно.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Се упати кон лифтот, но на вратата стоеше залепен лист: НЕ РАБОТИ. Застенка и тргна надолу по скалите.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
И така и би, возљубени. Утредента логотетот стоеше залепен до ѓаволот на фреската, со него сплотен и не виде ништо.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)