стои (гл.) - по (предл.)

Покрај секој добиток, или група добици, стоеја по еден или двајца пазачи и одговараа на прашањата од муштериите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
ЕВТО: Треба гасена вар. Кога се сликаат фрески, варта е готова уште пред да почне да се гради манастирот. Некогаш стои по три години.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Стојам по осум часа на дождот и ги паркирам возилата на американскиот џет-сет: млади плејбои во „естон мартин“, доктори во „јагуар“ и адвокати во „масерати“, криминалци во „кадилак ескалејд“, спонзоруши во евтини „тојота“-модели, богати сопруги во „ес-ју-ви“...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Тие две пилиња и ти сам си ги видел и си ги чул, синко, в поле кај си стојат по шипјето и глогјето и си пеат; едното си пее: сиве, сиве, а другото – чуле, чуле.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)