стои (гл.) - до (предл.)

Почнаа да идат деца од долно маало и се зачудија кога го видоа Крстета да стои до ѕидот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Крсте, Стојан и Нешка не еднаш стоеја до плетот и ги гледаа пчелите како влегуваат и излегуваат; како тие што влегуваат, носат жолт товар на нозете, го подаваат на „мајсторите" на вратата и се враќаат по нов материјал за нивното зимовиште.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тука е мајка му. Таа или стои до шпоретот и готви ручек, или пак седи до прозорецот и му ги крпи чорапите.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Мачорот стоеше до трендафилот и го стресуваше снегот од грбот, што се одрона врз него кога скокна.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Местото каде што стоеше до пред малку сликата на мама беше празно, но се познаваше дека тука имало слика.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
- Добро, да земеме и тоа дека таа не го исклучува протоколот, но во него стои до манастирот, а не стои: заклучно со манастирот... - рече Англичанецот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
А таа, дотераната, стои до него и го држи тенџерето. Чека риби.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Луција плачеше, Фисот стоеше до мене и ме принудуваше да го изедам есејот; јас јадев, од инает, затоа што бев решен да не дадам повод за никаква агресија.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
јас сум до тебе, ми вели тој, јас цело време стојам до тебе, ми вели, ами оти не ме браниш од галебиве, му велам, нема со што, ми вели Горачинов, гледаш дека ми се зафатени рацеве, и после како да сме гувееле пред сонцето паднато во водата, се наведнуваме небаре пред свекор, пред свекрва, што се вели, а водата светка, си потфрла тркалца од бела пена, како ситни пари да сум пуштила, да сум фрлила во водата и парите ги собираат плипот деца, а после не биле деца, туку јато риби, изрипуваат нагоре, им светнуваат белите мешиња над водата и тогаш од бродот ми паѓа Горачинов, се провира и ми се губи ко јагула меѓу рибите, јас викам по него, но гласот нерастурен ми се враќа назад; се враќам и јас од сонот,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сега не беше младич, но она ластарестото сѐ уште ја оптегнуваше неговата тенка, пегава става во излитена англиска блуза со боја на пожолтени дабови лисја, а Змејко немаше време да направи ниеден чекор кон таму, кога оној веќе стоеше до него, во средината на таа група крај колите и тие си ги тресеа рацете еден на друг со онаа наеднаш повторно родена жестокост, која сѐ повеќе растеше и стануваше пак дива и разврескана во нив, продолжувајќи сето време да се потчукнуваат по рамената, уште пожестоко, а денот дури сега навлезе во неговите очи и го заслепи, просто го исполни сиот, така што тој сега речиси сети како е тесен во себе за да го прими тој убав планински ден наоколу, додека некој од селаните крај него рече: „Змејко е печен, вечер се запишува в Задруга“, а тоа сега воопшто не беше важно, беше толку далечно од него, како да било во еден сосема подруг живот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Вечер, шепотел со треска во грлото и ќе стоел до стемнување неподвижен ако од куќата не излегло потпирајќи се на крив стап старчуле што можело да се собере во чобански тагарџик: жива играчка за деца, ништо друго.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но тој видел дека сепак му кажува нешто со брз поглед. Што? Она во што верувал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Стоеше до камионот од кој растовараа садници канадски тополи.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Луков стои до прозорецот и гледа во капките дожд што личат на долго и заборавено плачење.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
А тука беа ридои голи и долу Човек пеејќи ги успиваше лилјаните в поле И жени стоеја до Светото дрво И редеа: - Кој ќе го прескочи Светото дрво Тој ќе управува со божилакот И ќе ги победи сите болештиње и води.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Девојчето стоеше до праската, со очи заковани за врвот на највисокото гранче.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)