стои (гл.) - име (имн.)

Напишано на метална плочка, стои името на човекот кај кој сум упатен, Раду Астерид чија титула, титулата следи по името: PhD.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Рада заѕвоне на вратата на која на месингана плочка стоеше името на семејството Крстиќ. Љубезната домаќинка ја отвори вратата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И сега, додека го монтираме материјалот снимен со претопи на крупен план и цветови од венците... пламенче од свеќа заматено преку солзите на образот од внукот кој се разделува со дедо му, па ќерката на покојниот свиткана од болка на две, извлечена од планот на крстот на кој со златни букви стои името на починатиот со генералиите кога е роден и кога ги напушта своите од болест или само од смрт... е, не ми влегува во глава.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тоа беше Оливер Твист, преку чии корици со зелено мастило стоеше името и презимето на Ана.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)