На железничката станица стоеја војници кои ни ги прегледаа документите, а потоа ни наредија да влеземе во товарниот воз кој чекаше на нас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Лесно ранетите сами слегуваа на копното. На мостот стоеше војник и на секој му даваше ќебе.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Не знам колку долго патувавме. Кога излеговме од возот, нѐ пречекаа војници и нѐ внесоа во гратче оградено со бедеми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Покрај тебе стојат војници и те надгледуваат. Само викаат и со прстот вака ти прават.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)