Кога црната гасеница се извитка натаму, надуена мислиш сега ќе пукне, следена од од писокот и црната врвка кадеж, кога побегна во недогледниот простор а го остави својот здрак, Пелагија забележа дека пред станицата стојат таа и шефот на станицата, а за другите, особено децата што остануваа да ја завршат годината на школувањето, стана свесна многу подоцна.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Има такво искинато палтенце, прастари чевли со дупки. 180 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
И си стои таа старичка скромно пред вратата и со жални очи ги гледа оние, кои си влегуваат,
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
И како да се несреќни само затоа зашто не им е пружена можноста да откријат каде точно стои таа пуста неминовност за да ѝ пријдат и да ја потупкаат по рамото. (Можеби се надеваат и на некаква противуслуга преку создавањето на поинтимни врски со неа).
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Во кршот распален од жегата и испран од дождовите осамена, гола и тажна стои таа иста угорнинка и тоне во длабока тишина...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
- Од каде ти е огледалово? - Од татко ми... Стоеше таа крај него и се огледуваше.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)