стои (гл.) - некој (зам.)

Стоев некое време неподвижен на вратата, а потоа се вратив во собата во која беа и сите останати.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Се тргнав назад, стоев некое време, а потоа пак се наведнав.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се чувствував како мрава под небесната капа над која стои некој и ја гледа, а тој некој не е Он, Господ Бог Седржителот.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Мислам дека во срцево ми стои некоја осојница, некоја мразарница.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ах, дури по некое време се сетив дека тоа добро дело не се беше случило, туку така, од ништо. Во заднина стоеше некој!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)