стои (гл.) - некаков (зам.)

Паѓа, паѓа отец Лаврентиј, тврда е земјата, топла пред летен дожд, и здивот е топол што ѝ го вдахнува тој.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сега имам чувство дека тука ми стои некакво перце. Толку си лесна.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Беше како целиот свет да бил отсекогаш само една таква кобна осојничава модрина, во која синото се разлеваше, сѐ посилно пробивајќи се и преплавувајќи сѐ друго со својата мртва потечност, и само некаде таму, напред, зад сето тоа, стои некаква топлинка, што те влече.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Не, подобро е да не гледам“,  си помисли и одеше со затворени очи и, кога ги отвори за да види дали е блиску до крајот на плоштадот, наеднаш виде дека пред него, речиси пред нос му стојат некакви луѓе со мустаќи, а какви имено, тоа не можеше да ги распознае.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Оти, виде отец Лаврентиј сѐ: виде некое друго време, друг век виде, и виде дека во подрумот на некаква чудна, студена библиотека, окован во пранги седи жив последниот македонски ректор, преблажен отец Климент, столчен, поразен; и виде дека сите негови книги се избришани, страниците празни, без букви, додека тој умира со корка леб и чаша вода а над него стојат некакви други луѓе, заговорници и измамници со подуени мешиња и сало на вратот и му се смеат оти словата одлетале во воздух, та ред не останал за него сочинет од други времиња; “Толку си бил важен”, му велат, „толку те сакал и те почитувал народот“. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 125
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Цртежите на Ешер, сепак, не се задржуваат на едноставна игра на симетрија и структура, туку зад нив обично стои некаква идеја водилка, остварена на уметнички начин.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Виде Филип Филиповски дека и отец Лаврентиј го видел тоа зло време, летајќи окован за својот кревет, како Филип што е заробеник на својот; виде Филип дека отец Лаврентиј виде сѐ и дека затоа сега трча кон манастирот крај Бело Езеро, да каже што видел, трча отец Лаврентиј и сѐ почесто паѓа по скржавите падини на испустена Македонија, и најнакрај, со првиот попладневен гром стигнува нестварен како виножито до брегот на Езерото.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)