стои (гл.) - потпре (гл.)

Долго стоеше потпрен на левата плешка, со поткрената десна нога, бидејќи го болеше набодениот отпорано трн. Но никој не се појавуваше.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во еден миг, додека стоеше потпрен до едно од тие стебла, реши дека ќе продолжи напред сѐ додека тие просенувања не му се доближат толку многу, за да му го стеснат кругот така, што веќе да не може да пречекори од нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Па човекот што стои потпрен на бандерата...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Дедо Димо стоеше потпрен врз дршката од секирата со која до пред малку нешто делкаше и немо гледаше во двете момчиња.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Една група мажи стојат потпрени на ѕидот и само ги подаваат главите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сте ги забележале ли оние наши осамени старички во црно везден што стојат потпрени на оградата и загледани в земи никогаш и ништо што не зборуваат?
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Еднаш, кога се врати птицата во залезот, не го најде осамениот човек па долго надлетуваше над неговиот двор, прошета низ пирејот, и не можеше да го препознае човекот, цел живот што ја препишуваше земјата врз себе, ноќе што го препишуваше морето од птицата: тој стоеше потпрен, речиси – исправен пред својот дом, скаменет, спокоен - сам себеси син епитаф.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
И ноќеска ќе стоиме потпрени на прозорецот, резимирајќи го поминатиот ден: Станавме се измивме јадевме ѓеврек штракавме по тастатура некој ни се јави правевме ручек прошетавме на сонце гледавме вести читавме остана уште камионот, за сѐ да се заокружи.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)