стисне (гл.) - заб (имн.)

„Не. Затоа и го оставив.“ Еднаш еден колега го праша намигнувајќи кон другите: „Иване, каков вкус има млекото на кобилата?“ „Која кобила?“ прибрано праша „Една“, чу. „Една од некогашните брачни јасли.“ Ги стисна забите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Боге се мислеше дали да наврати во првото гратче за по еден варен ѓеврек или да стисне заби за топол бурек во првиот град, кога Кате проговори: - Одвај чекам да си дојдам дома.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Стисна заби од болките и ја развлече устата да се насмее.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ги стисна забите и со шум отворајќи ја вратата истрча во ходникот. Јурна слепо во темно слепило.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ги стисна забите и замре, ослушнувајќи ги своите мисли.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Марко, кога тоа не го очекуваше не само попот туку ни Геле , го удри со левата рака преку лице за да го забрза неговото прекорување, нека си ги стисне забите и нека послуша.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И потта му мирисаше горчливо. Го стисна забите.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ги стисна забите. Не, грешам, се поправи. Тоа е гавранот со очила.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)