стигне (гл.) - онаму (прил.)

„Ќе се истргнам и од овој мрак, ќе го истресам правот што овој пат и на овој пат легна врз мојов шинел, ќе се истурам на широк мегдан, ќе исчекнам и не итаница, ами полецка ќе стигнам онаму кај што ме чекаат другарите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Да речеме, кога Ајнштајн замислувал дека јава на светлосен зрак, дошол до неочекуван заклучок: дека со мислата може да стигне онаму каде што телесно не може, поради одредени физички законитости.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)