стигне (гл.) - навреме (прил.)

— Кај рускиот велиш? — му се обрна патникот на Мита. — Кај него, каде на друго место, — му одговори црниот Мито.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Изрипа патникот, влезе во анот и за минута две излезе заедно со самиот анџија Мита и со брзи чекори двајцата тргнаа кон саатот; за час се најдоа пред двата конака на свети Димитрија — грчко маало, каде на едниот пишуваше: „Рускии конзулат“ а на другиот: „Consulato de L'ltalia".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
По се изгледаше дека и пајтонџијата сакаше да стигне навреме макар и цркнале коњите уште неиспрегнати, та не го заставаше камшикот ни минута. Со грабаница ја претрчаа света Недела и застанаа пред анот на Мита Црнамара отунати во бела пења, а пајтонџијата сиот гола вода од пот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Нека пукнат со отпрегањето во Битола, ќе купиме други, само да стигнеме навреме.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тој преку целиот ден само брза, трча, трча од дома на автобус, на воз, во метро за да стигне навреме на работа, а тоа исто го прави и кога се враќа дома од работа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Таа го чекаше докторот како господа и во својата преголема болка за единственото дете ветуваше сè, само да стигне навреме и да го спаси.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Следниот ден Рада менувајќи два автобуса, стигна навреме на новото работно место.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Го бодна коњот со факелот и газејќи ги кучињата, стигна навреме месечината да му покаже како девојката се губи во столбовите на шумата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
„Секој си ја тера својата работа како што знае,” рече Андон намигнувајќи ѝ на Лилица, додека Авни и Азра влегуваа во комбето за да стигнат навреме во бараката на синдикалната подружница во населбата Расадник каде Ема Ендековска имаше закажано средба посветена на ажурирањето на списокот на активистите во борбата за легализација на проституцијата.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Си велев: Прениско е ова место за да се стигне навреме да се стигне пред гламната да прегори пред виделото да нѐ напушти за да ѝ се врати земеното на земјата: вода, оган, крв.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Тоа му го забрза одењето и тој стигна навреме, според тогашните превозни средства.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сосетката на седиштето ѝ даде запалка и ја замоли за една од малкуте цигари кои ѝ беа останале суви.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- „Нема проблем“ -му рече Марија. „- Единственото што ми треба е телефон.“ Тоа беше точно, а ѝ требаше само за да го предупреди сопругот дека нема да стигне навреме.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)