О Време, о Собитие!
Присуството завива ко жеден пес
растојанието се стеснува во секавични
контракции
нема каде да бегаш
се спрепнуваш од себеси
од другите, од драгите
- конечноста е вообичаено обележје
на овој свет -
сфаќаш, ама не вреди
- традицијата не е на преден план
за тебе.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Во чаршијата Шабтај има мало метларско дуќанче што се шири кон влезот, а се стеснува во длабочината до единствениот ќош, во кој ја држат сламата за изработка на метли и долгите дрвени рачки што ги купуваа од дрводелците.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Оттука извира светлината, распрнувајќи се во широк сноп кој се стеснува во своето сопствено прекршување, за да ја отслика стварноста на светот кој не опкружува – така зборуваше старецот, со восхит кон животот, со почит кон човечноста.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)