Ги гледав луѓето како цврсто ги стегаат торбите во рацете, некои од нив ги имаа опфатено со рацете, и ги имаа притиснато на градите, ги гушкаа цврсто како во нив да го имаа собрано сиот свој живот, и сега само се надеваа дека така зграпчен, така стегнат меѓу градите и рацете, ќе го сочуваат, ќе преживеат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Секој чесен печалбар си ја стега торбата...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
ЈОРДАН: (И тој го фаќа Костадина за гуша). Пари! пари, бре!...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Знаевме дека одат кон железничката станица. Влеговме меѓу луѓето, тргнавме со нив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)