стега (гл.) - заб (имн.)

И еда, зедов јас да пијам. Пијам и ги стегам забиве, како некое бутурисано коњиште.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Само ги стегам забите и лазам, се влечкам, се закрепувам на камчињата, на мракот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Молчеше и ги стегаше забите, а една жила му беше излезена на слепоочниците и убаво се гледаше како силно му чука, како да ќе му се скине секој момент.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ги стегаше забите и дишеше длабоко на нос, настојувајќи да молчи додека може.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ќе им ја навлажувам устата со млекото од дланката, Тие ги стегаат забите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Влегов во класот; сите гледаа во мене со љубопитен поглед, а јас ги стегав забите да не се расплачам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тоа беше врева од која се стегаа забите и се крева косата на тилот. Омразата почнуваше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)