- Не туку се лигави – ѝ се вдаде тетка Ане – требаше тоа сношти да го мислиш кога ѝ дозволи на Бреза да ја носи Дена на ноќна прошетка.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
„Ѕверки ли сте или луѓе!“ им велеше налутено слепиот Томин „Зар такви кучиња ќе вежбате... Зар ним им се подавате да ве гризат...“
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
ОЧЕКУВАНА ПРОМЕНА - Ех, девојчиња, мали мили девојчиња, колку нè исплашивте ноќеска – умилно нè прекоруваше тетка ми Оце утредента додека, седнати крај масата во ливадата пред нашата куќа, појадувавме пржени лепчиња и чај од „мајчина душичка” што мајка ми го бере секое лето во околината. – Сешто можеше да ви се случи, свесни ли сте или не?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Баш нема да ве пуштам. Вие војници сте или
баби? Спијте надвор - ене ви клупи.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)