сте (гл.) - толку (прил.)

На дедот му стана чудно. — Зошчо да ме врзат? Зар вие сте толку лоши?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Просто: зошто понекогаш сте толку проклето некритични кон најблиските гадови?
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Никој не ме слушаше, ни природата, ни Мила.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Глупави потоци, глупава водо, и шумо, и птици глупави, што се радувате, што сте толку весели, знаете ли вие што ѝ се случува на мојата Мила? – им зборував во себе. – Мила моја, не смееш да ме напуштиш – ја молев по којзнае кој пат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
ОСТОИЌ: Се надевам дека и во карти сте толку самоуверен. (Влегува Кајмакамот.) КАЈМАКАМОТ: Добровечер господа.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
А што се однесува до останатото: прогонството на едно еврејско семејство низ Европа и надвор од неа и нивните тешкотии за преживување за време на Втората светска војна, кога и самите му припаѓате на овој народ, не сте толку импресионирани од тие истории.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
- Зошто денеска сте толку чудни?
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Кога го спомнав ова, Филипе, дали вие сте толку среќен затоа што, како што би се рекло, имате добра мајка?“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Свилата е вештачка, храната ужасно синтетичка и прилега на оние фалсификувани продукти со кои се колкаат мумиите, а жените – стерилизирани против несреќи и стареење – престанаа да бидат живи.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)