сте (гл.) - согласен (прид.)

- И сега?! - Сега, да дадете изјава дали сте согласни да се разведете по договор, спогодбено.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ако тргнеме по ридиштата без залак леб, ќе позастанат момчињата, не ќе можеме да ги одведеме, — заврши поп Пано со својот предлог.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ако некој не е согласен, ќе може ли да додржи, барем да не не издаде — праша момчето место да почне со изнесувањето на својот план.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А ако сте согласни, да ви го изнесам мојов план.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Така почнаа. Ноќе копај во ќошот, со разни парчиња железа што им беа доставени од луѓето на Организацијата, полни ги ќесињата што ги направија од своите крпи за лице, а дење турај ја земјата во клозетите, која водата ја носеше надолу по ѓериз и ја исфрлаше во Драгорот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ете го мојов план накусо: ние треба да почнеме со копањето уште веднаш, та до пролет да ја свршиме оваа работа, ако сте согласни, — заврши иницијаторот на бегството Никола Каранџулов и застана да ги слушне своите другари.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Затоа, ако сте согласни, едниот од нас со Милана да остане со половината од вас овде, а едниот и другата половина — да ја фати онаа друга чука — Лигураса се вика — па ако, биде нападната и опколена едната група, другата да може да и помогне, наоѓајќи се надвор од обрачот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)