сте (гл.) - свесен (прид.)

Другарот Чапаев продолжи: - Претпоставувам, почитуван судија, дека сте свесен за честа што ви се укажува, но и за соочувањето со големата одговорност што ве очекува.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
- Дале сте доволно храбри да бидете креатори и кројачи на сопствениот живот?
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- Дали сте свесни за важноста на сегашноста или упорно се обидувате да го реконструирате минатото?
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Виртуелната реалност преминува во телеприсуство кога сте присутни од некое далечно место - „присутни” во смисла дека вие сте свесни за тоа што се случува, ефективни, во состојба да ги извршувате задачите по пат на набљудување, досегање, фаќање, движење на објектите како да ви се на дофат и како тоа да го правите со вашите сопствени раце.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Да бидеш присутен некаде а сепак присуството да е по пат на далечинска контрола значи да си таму виртуелно (!).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Исто како и при примената на скорешните настани, добро е да се ангажираат, како коавтори, други индивидуи кои историски учествувале во формирањето и дистрибуцијата на доминантната нарација која се отфрла во овој процес на ре-авторизација.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
• Што можете да ми кажете за вашето минато а што би ми помогнало да разберам како успеавте да го преземете овој чекор? • Дали сте свесен за некои минати постигнувања коишто можат, на некој начин, да обезбедат позадина на скорешните промени?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Слушајте, му реков, вие ме влечете во неволја, а и сами сте свесни за фактот дека сонот и животот се сосема различни нешта.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Дали сте свесен, дали сте свесен за тоа? ве прашувам јас.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Акакиј Акакиевич просто замре, се заниша, се затресе со целото тело и го изневерија нозете: да не притрчаа веднаш чуварите да го придржат, тој би се плеснал на под; го изнесоа речиси полумртов.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Дали сте свесен што зборувате? Дали ви е јасно кој е пред вас?“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)