сте (гл.) - жив (прид.)

— Да сте живи и здрави! — и посегна, и бакна рака на Стојанка и ја поведе горни крај на трпезата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сполај ти ногу и да сте живи, вековити, да се ќердосате, господ некој к'смет да ви даде, и од ваше срце да си исчекате и кршчење, и свадби да направите!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ај, нека сте живи и здрави!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Бидете среќни што сте жива, имате покрив над глава и не сте инвалид.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Бев сигурен дека еден ден, без оглед колку време ќе мине, ако сте жив и здрав, ќе дојдете да ги земете!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Убаво да сте живи- рече Чакарвелика и почна да го тутка плеталото во скутот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Гледај што ти правевме!“ „Ако,ако“ им рекол дедо Геро. „Вие да сте живи“.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Да сте живи , да сте среќни , често наздравуваа роднините, кревајќи ги чашите со вино.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
СОФРЕ: Да сте живи што ни попеавте!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
КОТЕ: Да сте живи, да ви ја јадеме свадбата.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
ДЕПА: Да сте живи и вековити. Со здравје да ти оди братчето.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Да сте живи што ме прибравте!...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
ДЕПА: А, така! Ај, да сте живи. Вас да ви дојде со здравје татко ви.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ех, деца, деца, што уште не ќе доживееме со вас, само да сте живи и здрави – воздивна таа и многу цврсто ме прегрна. – Биди без грижа – додаде, како да знаеше на што мислам – јас ќе средам со татко ти.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Немај гајле, оставиме мене јас да му објаснам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
ЈАКОВ: Животот ви минува додека се прашувате дали. сте живи. (Грмотевица. Музика. Се отвора дното, се покажува дуплото дно. Хаос.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
ЈАКОВ: А вие госпоѓо? Знаете вие што правите и што зборувате? Зошто сте жива? Одговарајте! Зошто сте вие жива?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Па, вие сте жив пример за лажно и „вештачко“, вие сте огледалото за глупиот хероин!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)