сте (гл.) - виновен (прид.)

За тоа вие не сте виновни. Криза е... тешко се наоѓа работа. Ќе биде подобро...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Од некоја причина позната само на судијата, четирите карти – дами најдени во џебот од вашето палто се крунски доказ дека сте виновен.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Ако ме разбравте што ви реков, сакам да одите кај него и да се смирите со него оти не да сте повиновни, туку зашто сте посилни – треба да бидете подобри.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Се разбира, вие не сте виновен поради тоа, но, секако сте доживеале кошмар.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)