Не, немојте да заборавите - велат овде - кога веќе сте во оваа чаршија и сте решиле нешто да купите, да ја преполовите цената по која трговецот ви ја нуди и продава бараната стока.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Уште повеќе сте во право кога ни се придружувате во борбата против уметничкото обликување изгнасено со недостаток од корени, деструкција, кич и сувопарна виртуозност.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Свесноста дека сте во центар на внимането малку повеќе од она што во поинакви случаи би сакале да бидете, вознемирува.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Тоа ќе значеше дека сте во состојба да го видите само моето тело, но не и вистинската мене којашто сѐ уште е мало девојче.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Грот: Што чувствувате за тоа што „Симпсонови” се тимска работа, а не ваше самостојно дело? !
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Убедена сум - тоа никогаш не би го сторил.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Вие сте во право, меѓутоа, ве молам, ова со лексиконот сфатете го како обична детска игра“, рече мама. Ѝ бев крајно благодарен на мама дека така постапи.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Ќе одведам Битола, лично јас, жими вера, и ќе предадам на валијата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Се пристапи кон преговори: — Теслим, бре пезевенци, што кршите жегли уште, кога гледате оти сте во стапица! — викна самиот кајмакам и им се кажа кој е.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Сѐ што знаете за сиромаштијата (сиромав човек жив ѓавол, парола снајди се) во Богота се мултиплицира и веднаш ви е јасно дека сте во метрополата на бездомниците - Богота, град потпрен на ѕвездената светлина, град во кој бездомниците се уплавосани од темнината на ѕвездите, град во кој бездомниците секој божји самрак се уверуваат дека нивните мечти не узреваат а дење балињата им се полни ѕвезди, колку цел ден да се допрашуваат денските ѕвезди вистински ѕвезди ли се?
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Можеби вие сте тој што има проблеми: ќе одам дотаму што ќе изнесам една хипотеза дека вие сте во контрадикција со самиот себе до таква мерка, што дури и не можете да видите колку сте некохерентни.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Подготвен си? Не си подготвен? Дали сте во можност? Не е бесплатна цркнувачката!
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Доколку не се соочите со разликите, ќе ве сметаат за хомофоб и фашист затоа што не сте во тек со новово време (прокламирано од западот) додека медиумски ќе ви се потпикуваат силиконите, промискуитетот и манекенството како врвни вредности.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
На крајот, тој сепак се огласи: - Веројатно, другар директор, сте во тек со неговата болест: дијабет од потежок вид. Веќе е под инсулински третман.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Сега навистина сте во опасност.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Не сте во состојба без напор да стигнете до крајот на подолга реченица.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
-Господе мил! колку е саатот! - велите одеднаш, бидејќи веќе не сте во состојба да ги слушате тие чудни говори.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Куќите му припаѓаа нему, но беа книжени на подалечната тетка...
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Толку темелно сте си ја замислиле идеалната врска, заедно со чудесната вечер во која ќе се најдете со љубовта на својот живот од другиот крај на некоја преполна соба, на некој преполн бар или на некоја страница на интернет, што, всушност, не сте во состојба да ја прифатите стварноста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Јас ви се извинувам. Вие сте во право. Простете.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Одамна сфатив дека сте овде на долг одмор.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тоа не се однесува на вас, вие сте во одлична состојба.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Затоа што зборуваат за најсуштественото во човекот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Дури и да сте во право за откритијата на Коперник и Дарвин, со моите откритија нема да биде така.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Вие сакате некој друг да ви каже дека сте во право, да ве тупне по рамото и да ви ги реши проблемите.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
ЛУКОВ: Од кога сте во организацијата?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
ЛУКОВ: Првпат сте во Софија?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Докторката му вели: - Оставете го палтото.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Не сте во хотел.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Кога сте во интеракција со овој интерфејс, немате ниту критичен ниту некритичен став кон неговиот стил.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
- Жал ми е! Но би сакала и вие да ме сослушате до крај. Влезени сте во бременоста каде со закон е забранет абортус...
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Па драги мои гости, бидејќи сте во мојава куќа, ред е да прашам зошто сте газеле толкав пат за да дојдете во мојот дом.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Веќе три месеци сте во благословена состојба.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Едноставно, вие сте во шок... сѐ ќе биде во ред...
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
- О, тогаш сте во big trouble - сочувствено вели мојот сосед.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Целите сте возбудени, пуштате гласна музика, правите вистинско шоу бирајќи што ќе носите, едноставно правите голема фрка околу ништо.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Не можете да престанете да се кикотите, стомакот ви трепери од возбуденост и целите сте во исчекување.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Патот ви е чекорење слепо, вечно ќе сте во подземна крепост.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
И кога ќе ги снемаше, доаѓаа други, зашто Додо се уште пееше: Момчаци сме без игра и спокој, затворени во вулкански оков.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
- Вие сте во право, господин Самуелиан, оваа idе rеuе (излитена идеја), во доменот на лингвистиката предизвикува неразбирливо отстапување, учени балканолози зборуваат за интелектуална демисија.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во извесна смисла Вие сте во право.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тој беше готов да продолжи со толкувањата за потеклото на јазикот, но Татко, следејќи го авторитетниот тон на Камилски, се надоврза: Во право сте, сосем сте во право, мој пријателе, сѐ додека лингвистите трагаат по потеклото на јазиците и нивните трајни механизми, тие постојано ќе се соочуваат со историјата на човештвото како и со неговата историја низ милениумите...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но, ако стварно се занимавате со неа, вие сте во нејзиниот затворен круг на проста сила.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
- Веројатно сте во тек, синоќа министерот Брахими поднесе неотповиклива оставка од својата функција и денес отпатува за Париз...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Едвај стасав да се соземам во мигот. Успеав само да речам: - Ми беше завчера потврден приемот за денес кај министерот, неговата екселенција Лакхдар Брахими...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Одвреме-навреме Винстон фаќаше такви забелешки како „Мислам дека сте во право“ и „Толку многу се согласувам со вас“, изговорени со младешки и прилично глупав женски глас.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Госпоѓа Мариела ја затвори папката, погледна во возбудените лица на осамените срца, направи пауза од неколку мига, и рече: „Ве слушнав и можам со сигурност да ви речам, вие сте во право.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Како сте в поле? – ги засипа со обичните прашања па почна да ги распрашува кој кај кој бег работи – зошто се толку парталави, голи, боси и страдни. – Како чифчии, зошто – му одговори еден од тројцата и го прашаа него од кое село е тој и на кој чифлиг работи. – Немаме ние во Мариово наш чифлигар над глава, браќа не, сами сме чифлигари, сами чифчии.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Сосема сте во право.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
- Се разбира вие сте во право, - прифати Татко, овде и фашизмот се определи за границите, за новите делби.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
За нив и понатаму сте во облеката што ја носите!“
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Не знам колку сте во состојба да ги следите моите тешкотии – реагирав збунето. – Во секој случај игноранцијата не води кон взаемна доверба.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Се тргнав од вратата. Кога ќе ви ја распламтат суетата не сте во состојба да одредувате дали сте засрамени или само повредени.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Но знам дека не побарав да се отвори под мене земјата за да ме проголта.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
А згора на тоа, онаа постапка со мојата девојка – шепотев но бев сигурен дека Грофот ме слуша.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Но не гледам причина да ги нарекуваме грамофоните „дефектни”.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
А: Боже, да! Потполно сте во право.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Ж: Апсолутно сте во право!
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Мислите на репликата „Ништо особено, отидовме на кино” и на „ девојчето со надуеното креч-лице „,нели.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Погледнете го ова: „Пореметување на спротивставување” е мошне добар пример (Леинџ го цитира DSM-III): „Главниот симптом е системот на дивото, негативистичко и провокативно спротивставување на авторитетите.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Критериумите во овој прирачник се мошне корисни за контрола над популацијата, бидејќи сте во можност да ги примените врз било кого кога тоа го бараат околностите.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Инаку „Nevada“ ми беше полесна, полежерна за носење (затоа ја држев на левата рака), „Ракетата“ упорно ме потсетуваше дека работите не се мерат само по изгледот.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
- Гледајќи, пак, една од оние поретки претстави што успеав да ги догледам докрај, една аргентинска што гостуваше на МОТ, видов како се танцува танго во живо, што само по себе, ако сте во несамокритична состојба, е убаво задоволство, но тогаш, како и сега, јас бев вдлабочен во себе, и веднаш ми светна откаде Кортасар, Борхес и Сабото станале големи писатели.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Може да се дозбориш со Лиле и Цеце - до четврто одделение сте во иста смена.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Токму во овие околности, минатото лето, еден напис во Телерама (од кој ви испраќам една копија во случај да не сте во тек) ми овозможи да откријам дека преведувачот на Времето на козите и на Татковите книги е сегашниот амбасадор на Франција во Албанија, господинот Патрик Крисман.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Вие сте во право кога велите дека и јас ги наследив татковите илузии, неговите гени, не определувајќи се ниту за Запад, ниту за Исток, како да останав со сето семејство да го исполнувам мајкиниот завет. Којзнае каде е вистината.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Пред извесно време Луан Старова радосно ми го најави објавувањето на Балканскиот клуч, како и Времето на козите, во џебно издание.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Ќе бидат убедени дека сте во право и ќе ве следат и слават.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Дали сте глуви (по природа, избор, желба) или сте во состојба да слушате (ушни школки, тапанчиња, лавиринти)?
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)