Проклет да бидам, без своите црвени гаќи. (Подобро целата да сте ја слекле, душата да сте ѝ ја зеле.) Господе, колку беше избезумена, 'ржеше.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Кога ќе легнете крај мене вие ќе имате стрпливост да чуете сѐ што сте ѝ повериле на мојата невиност, А до тогај нека ве хранат дневниците од нашето продадено пријателство.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
А овде, кај нас, во високата сфра, вие не сте му господар само на дишењето туку сте ѝ и вистински господар и на слободата.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Далеку од тоа дека каните некого друг да ви се придружи во романтично блаженство, далеку од тоа дека на додворувачите им објавувате дека сте ја научиле поуката од филмот, дека душата сте ѝ ја отвориле на можноста за геј-љубов и дека во животот сте подотвориле простор за некого со кого ќе го делите, упатувањето на „Планината Броукбек“, всушност, укажува дека немате ниту потреба ниту место во животот за никого друг, бидејќи внатрешниот свет ви е сосема обземен од геј-романсата што веќе си ја живеете таму во крајна и доволна мера.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но, вие заради својата бруталност и повредите што сте ѝ ги нанеле, ќе морате да појдете со нас за да дадете изјава.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Со шумски јаготки во џебовите
со здравец во мислите
и планински воздух во срцата,
ќе си направите ли муабет со овие стихови
како што правите со буките и изворите
Вие кои никогаш не сте ѝ биле туѓи нејзе,
самата себеси што си е туѓа
и заумна?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Жената се насмевна и рече: „Вашата Луција? Што сте ѝ вие на Луција?“ „Другар“, реков, „ништо не сум ѝ“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Лиле, ќерка ми, отворено му рече - сигурно нешто страшно сте ѝ приредиле таму кај вас на сестра ми, за да побегне ваму сама, со детето. Без средства за живот.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)