сте (гл.) - се (зам.)

Иако работниците од неговата тајфа измачени од силната работа по дождови, припек и ветрови, недојадени и недонаспани - сакаа во тие часови да се повеселат и да си попеат - Аргир на средина им ја прекинуваше песната: - Таткови дворја ли дигнавте, бре ашлаци, та што сте се разгаштиле?!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- „Ако во овој свет се ви изгледа погрешно, дали сте се обиделе да му дадете вредност на животот?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- Дали кон се во животот гледате со реален оптимизам?
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сухов однекаде ви доаѓа од зад грб и ви зборува со таков тон како да ви прави услуга: -Овде почива правот на Михаил Матвеевич Херасков, угледен поет од епохата на дворските преврати...
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
-Ах, како е занимливо! - извикнувате емотивно, но не затоа што тоа е стварно занимливо, туку затоа што морате да прикриете дека смртно сте се исплашиле. -Беше голем измамник...
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
МАНОИЛ: (Се освестува) Што сте се собрале?
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Кога сте влегле горе во собата, таму сте се затвориле, и тогаш ти, божем, си прифатил“, рече Пере.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Откако послуша, виде што е разговорот и, како сам за себе, извикнувачки рече: „Е-ху-хааа... Со која историја сте се нафатиле вие.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Нешто сте се замислиле!“ му рече Едо писателот откако двајцата прилично долго помолчеа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Честита ви Нова година на сите ... Арна компанија сте се собрале...
„Гладна кокошка просо сонуе“ од Блаже Конески (1945)
Аман, бре стрико Марко! Их, ама сте ја стегнале, сте се залепиле до земја!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
КОСТАДИН: Што Зафире, и ти се стегна на печалба?
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
„Знаете ли дека сте се поиграле со угледот на училиштето?“, рече.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
СПИРО: Веднаш, чорбаџи! Нацо! Нацо мори... Не ѝ се слуша, лисица! (Излегува.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Уште да ме чека! Тоа ли е ред! Ама што сте се здибечиле овде!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Во бараката на штабот, подигната во сенката на високи црници беше тихо, толку тихо да не се слушаше ни мува да брчне. – Значи, вие сакате да станете бригадири? ги прашаше по втор пат командантот, гледајќи ги се’ така потсмешливо или пак така им се чинеше. – А зошто не сте се пријавиле во бригадата од вашиот град?
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Подводното чудовиште се размрда за час, а водата се разбуричка. – А – ха ... вие сте од тие јунаци што сте се кренале мене да ме уништите ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Сте се исплашиле обајцата и сте се фатиле гуша за гуша, а тој викал: „Пушти ме, колера имам. Ќе те заразавм!“
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Што сте се омацуриле, како мачки на дожд? - ги кори еден од епизодистите.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
(Дури и да сте мислеле дека тоа е музика, признавате дека таа допрела до вас преку ушите а не преку очите, а и тоа дека не сте ја пипкале со рацете ниту сте се шетале по неа.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
За да ги оттргне од себе наши­те приковани погледи и за да ја смали напнатоста, со неприродна благост, прв ни се обрати: – Што сте се уплашиле толку, деца?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- Вие господски сте се подредиле! - рече Евто. - Имате и електрика токму како в град.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
ЛУКОВ: А подоцна, подоцна, кога потпораснавте... сте се виѓавале ли со него?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
3. Секако, следното утро штом сте се пробудиле, драга Асенета, сфаќате дека не сте успеале.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сега треба да побарате една ваша обетка. Која било.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Повеќе да сркаат грав. А ако сркаат повеќе грав, пак ги удираш по рака: - Јадете и од лебот, ќе им велам, што сте се навртиле само на гравот, ќе им велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)