сте (гл.) - го (зам.)

Кога си дошол ти, ја извадил паларијата и се поклонил, нешто кажал што не е докрај чуено, а потоа, откога си дошол ти од некаде, си го повел горе во собата за да не може да се чуе разговорот што сте го воделе.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Замокот во кој живееше лордот, т.е Јас (да не ви опишувам) ист како од расказите на Ернст Теодор Амадеус Хофман, сте го читале нели?
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
- Гледам сте го читале Дон Кихот? - Не.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Сепак, не би можеле да речеме дека мејл-артот значи весело чекорење наоколу со извадена „уметничка“ утроба; тоа може да биде опасност - тнр. „естетска промискуитетност“ - но од неа ионака боледуваат голем број уметници, без разлика дали се мејл-уметници или не; штосот е токму да се демистифицира уметноста, да се направи полична, подиректна, но сепак притоа задржувајќи одредена барем иронична нота на официелност; тоа и секое писмо делумно го содржи, веројатно тоа сте го почув­ствувале, таа „званичност”, таа стегнатост и тој објавувачки тон (колку и да е писмото интимно!), и тоа е уште една од тајните моќи на мејл-артот, парадоксот на едновременото демистифицирање и мистифицирање на уметноста, но сепак со акцент на она првото, бидејќи тоа е трендот на овој век, почнувајќи од Дишан.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Останува само да се спомене дека еднаш сте го доживеале ова, но со намера никогаш повеќе да не се види, зашто„Ох, Калкута!“ е декаденција на духот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ако најнапред не сте го посетиле нашиот павилјон, или оние големи, доминантните павилјони на САД, на СССР и на Франција, а сте биле во павилјоните на Чехословачка, Швајцарија, Бразилија и слични на нив, а потоа сте заминале во југословенскиот, чувствувате две различни концепции во истапувањата на Изложбата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Понатаму: Постојано сакав да ме истепате зашто бев сигурна дека никогаш не би можеле да го сакате мојот задник, но ако го истрескавте, тоа ќе значеше дека барем на некој начин сте го прифатиле.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
•Филмот доби еден „Оскар”, зарем не? •Хичкок: „Да, за најдобар филм на годината.” •Тоа е единствен „Оскар” што сте го добиле? •Хичкок: „Јас никогаш не сум добил Оскар.” •Но, сепак, тој за Ребека.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Што имаат Холанѓаните? Воденици? Лалиња?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
А имено, вратете ни го нашиот другар Васе, кого сте го заробиле и го држите врзан како куче.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Нема да го запознавам со него. Тоа е оној што вие сте го нарекле Лангач.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Тие се наде­ваа дека со помош на Хабловиот космички телескоп ќе го најдат она што го бараат во формата на бројните ѕвезди - црвените џуџиња, кои би биле премногу слаби за да се видат со земските инструменти; меѓутоа, кога моќниот Хабл ги пребара големите празни простори во нашата галаксија Млечен пат за коишто беше проценето дека ветуваат, наместо да откријат дека се посипани со црвени џуџиња и недостасувачка материја, покажа дека се празни како орманот на мајка Хабард или џеп во кој сте сигурни дека сте го ставиле клучот, патем начнувајќи уште една загатка: загатката на доказот дека космосот е неколку милијарди години помлад од најстарите ѕвезди во него, барем според начинот на кој сме навикнати да ги мериме нивните старости.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Уште пострашно, истото се случува и со нешто што сте го напишале пред десетина минути.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
А знаете дека сето тоа вие сте го научиле, чувствувајќи како под вашето влијание се издигнува нов човек.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Што, да не сте го снимиле вашиот итенерер?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но директорот продолжуваше да го прекорува својот сервилен заменик: - Сте можеле, другар Палигоров, барем како партиски секретар во Архивот, да ги отворите очите, кога сте го прифаќале заклучокот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Некој што во минување сте го уловиле со погледот може да биде искористен како лик, неколку години подоцна; некој влез или излог на продавница може да послужи како сцена.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сеното сте го собрале во копи, добитокот и сам знае да пасе, а мене ми треба работна рака.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
2) Опишете предел виден со очите на старицата чиј одвратен и неподнослив маж штотуку починал. Не споменувајте го ниту мажот ниту смртта.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
5) Напишете почеток на некој роман служејќи се со сезнајниот авторски глас, така што сезнајниот авторски глас ќе го направите јасно видлив, влегувајќи во мислите на една или повеќе личности, откако сте го препознале нивниот глас.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Позитивни искуства: За кратко време, кокаинот прави да се чувствувате како да сте го освоиле светот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Се направи божем се лути и му подвикнаа: А второ, рече, вие само за да не платите за закопот, стрика Анѓела сте го закопале без свештеник, без мене.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- И оттогаш не сте го виделе родниот град?
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Да го држиме до утре, додека наредиме друг да го земе гајлето, ќе се лутат старите; ќе кажат еве каде сме, знаете саатот како го чекаме да го видиме, а вие сте го задржале за работите ваши.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ако сте го сториле тоа, како ви успеа да престанете да го правите тоа?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Кои подготовки беа потребни? • Пред да го направите тој чекор, дали за кратко погледнавте наназад?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тие израснуваат од контекстот на дијалогот, и секое од нив треба да биде чувствително усогласено со одговорите на претходните прашања. (а) • Ако јас бев набљудувач на вашиот живот кога вие бевте помлад, што мислите дека би можел да посведочам во прилог на подоброто разбирање за тоа како сте успеале да го постигнете она што неодамна го постигнавте? • Што мислите дека ова мене ми кажува за тоа што сте сакале во вашиот живот, и што сте се обидувале да постигнете? • Што мислите дека би можело ова да ми открие за она што за вас е највредно? • Ако успеете да го задржите ова знаење за тоа кои луѓе ви се најблиски во текот на следните една или две недели, како би можело тоа да се одрази на вашиот начин на живеење? (б) • Од сите луѓе коишто ве знаат, кој би бил најмалку изненаден со тоа што сте го преземале овој чекор на соочување со проблемите на вашиот живот? • Што можат тие да посведочат дека сте правеле, во изминатиот период, што би им овозможило да претпостават дека вие би можеле да преземете ваков чекор во овој момент од вашиот живот? • Што мислите дека ова им кажувало, во тоа време, за вашите способности? • Што би можеле тие да претпостават за вашите цели со преземањето на ваква акција во овој момент од животот? okno.mk | Margina #4-5 [1994] 53 • Кои активности би си ги довериле себеси, земајќи го предвид она што во овој момент го знаете за себе? (в) • Би сакал да ги разберам основите на овие постигнувања.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Се разбира, овие прашања не се поставуваат нагло и без внимание.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Накратко, Били е апотеоза на трејдот: возвишено велелепен објект, но само објект, без внатрешност, без психологија, без бистрина и без сензибилитет што би го расипале сјајното површно дејство на неговиот совршен телесен облик. ‌Ете зошто, и покрај сиот негов романтичен гламур, Били нема никаква сила да држи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не ви е идеалниот за излегување, не е дечкото што отсекогаш сте го посакувале.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако само ја доведете оваа доктрина во прашање, небаре опасно сте збајале и сте го повикале страшниот злодух на инверзијата, отворајќи ја така вратата низ која може да се врати викторијанската психијатрија, со сите нејзини древни предрасуди за вродената абнормалност и псхопатологија на родовата девијантност на геј-мажите. ‌Но, сѐ додека се чипчиме за претставата дека гејството може да се сведе на избор на истополов сексуален објект, дека нема никаква врска со тоа како живееме и со она што ни се допаѓа, дека нашата хомосексуалност целосно се обликува пред некако да се изложиме на геј-културата и независно од неа – и сѐ додека се држиме за тоа верување како за некаква догма – сѐ дотогаш издржливоста на геј-културата ќе си остане вечен срам, како и нерешлива аналитичка загатка.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Штом сте го имале, едвај чекате да се ослободите од него.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не е секси.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Веројатно ви е познато колку може да ви го нахрани егото читањето на нешто што сте го пишувале пред дваесет години, па дури и тоа да се поништени чекови.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
САЗДО: Истрагата не успеала да дојде до писмото затоа што вие вешто сте го заташкале.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Ќе биде само нешто на аголот на нивните насмевки, како приватен карневал што поминал низ град и можеби сте го виделе еднаш на кратко па го снемало.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Таа знае дека Далтон мисли дека тие се посирови, без фасада, поблиски до некоја архетипска зима без дволичност.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Делумно поради тоа групата ја нарекоа Паганска Ноќ. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 174
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Го сфатив јас тоа уште веднаш. Вие сте овде како на еден долг одмор.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Вам ова што го нарекувате затвор, ова овде ви е ослободување од затворот што сте го чувствувале надвор одовде.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Можам искрено да Ви речам, пријателе драг, дека мноштво луѓе (познавачи, љубители, критичари, сликари и др.) со редици доаѓаа и се одушевуваа на она што сте го создале вие.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Штом заврши изложбата, ве уверувам, пријателе драг, оти ќе ви го испратиме вашиот „Автопортрет“, чудесното дело што сте го заборавиле во Истанбул заклучено на дното на Огледалото, се разбира ако Вие го сакате тоа“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
А кога порасна Скрче, крпчето во кое го имавте врзано неговото пресечено папоче, го одрврзувавте и му го покажувавте да си го види какво му било кога од мајка ми сте го одделиле...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Една типична Вудрингова приказна, како што забележа писателот Алан Мур, е како “илустрирано соочување со сон што сте го сонувале на пет години и за којшто не сте раскажале никому”.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Домот стана центар за рехабилитација, каде што го добивате она што сте го заслужиле: засолниште во кое што се практицираат семејните идеали.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- За греој, завали штрк - рекла Неда - што сте го тепале, доста му је самотијата што је вдоец како мене, па сте го тепале.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Тепање, ем лошо тепање, су(м) му сторил - рекол Божин - со остенот ногата су му ја скршил, ама сиот кабаат го имат Велко, што сеедно се џареше во него и не ми 'и тераше волојне арно.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Сте го убивале тоа што го мразите, јас пак тоа што го љубам. И, ние сме квит.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ама вие тоа не сте го знаеле.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
- Значи сте го криеле, вели Доксим Тренчески.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Вие ништо не знаете, вели Јон, вие не сте го мрднале газот од крај огниште.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Каде сте го служеле воениот рок?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
2. Ако сте го прочитале упатството за Асенета под точката 2, тоа се однесува и на вас, па еве го сонот што Вам ви се задава за спомнатите цели, со забелешка дека тоа е машки сон и дека јас го сонував, па најверојатно ќе можете и Вие да го сонувате, Аристине...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не сте го сонувале зададениот сон, туку некој друг, којзнае кој. Но, не грижете се. Тоа ништо не пречи.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тоа значи дека сте на најдобар пат да ја искористите љубовната напивка и да станете јунаци на една голема љубов.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Раскажете ѝ го како да сте го сонувале, иако не сте.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Таа норма обајцата делумно сте ја исполниле, лажејќи дека сте сонувале нешто што не сте сонувале и давајќи ги своите лажни податоци, своите лажни имиња.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Всушност, оној сон што не сте го сонувале, но кој ви беше зададен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На масата садовите се поставени наопаку, но не паѓаат, чинијата полна јадење, виљушка, лажица и нож, парчиња леб и чаша ракија од суви сливи.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ќе Ви биде потребна само една. Ставете ја в чанта.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тука веќе немаше каде, и тие го изгубија сонот, - доволно беше на нас да падне сомнежот, на некој глупав начин да сте го навлекле на себе или некој само со прсте да поткажал на вас, о мајко моја!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
„Голема работа, симбол. Вие тој коњ сте го отргнале од војната служба. Како се викате?“
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во шега забележав: Не сте го промениле пијалокот - виски и млеко! Како и во Тунис!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За секој случај донесе и виски за мене.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Но вие сами, по ваша желба, сте го напуштиле сопругот, неговиот дом.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Што сакате од стариот што сте го налегнале како вол за ковање?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
– А вие – им се обрати на сужните – ќе бидете ослободени од прангите и затворот и ќе си одите во вашето Мариово заедно со овој ваш син и брат Ангелета, како што сте го викале порано, но ќе гледате да не се посрамотите со нашиот падишах.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
При овие зборови сите паднаа ничкум пред везирот, во знак на благодарност; направија по неколку метании, викајќи да е жив царот, и благословувајќи ја мајка му што го родила везирот, уверени дека сигурно е од каурски род; излегоа со навирени очи солзи од радост.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
– А бре, оче, јас толку не се разбирам од овие ваши работи, туку еве што се слуша. велат дека многу сте го налутиле кадијата, та му пратил абер дури и на султанот, а овој издал наредба да се смири таа раја.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сте го сослушувале!“ се зачуди авторот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Вие еве сте знаеле и по бугарски и сте го знаеле дури и името мое, рекол Силјан; ви се молам, стриколе, од кај ме познавате мене што ми рековте на име?
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „За гревови, завали штрк, рекла Неда, што сте го тепале, доста му е самотијата што е вдовец како мене, па сте го тепале.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Како можете да бидете предавник на она што сте го очекувале со години а тоа никогаш не пристигнало, го прашав отворено Никола Леко.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во селото дознав дека имало и скапоцености помеѓу пленот што сте го зеле!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
КУРТА;Не сте го фатиле, сме го фатиле, мило!
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
ТВ ЛИЦЕТО: Зошто има крпа во уста? КУРТА: Болен е, па му смрди здивот.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Но, во овој конкретен случај, како и во многу други слични, вие, односно жената, а верувам и возачот, не сте го консултирале станичниот часовник.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Некое вчерашно утро, „вчерашно“ од пред месец или можеби од пред половина година, часовникот мртов-ладен си застанал, па така си стои без никој жив да се погрижи зошто не работи.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
„Ова не ми се допаѓа. Не знам зошто. Дали некогаш сте почувствувале за некое место дека веќе сте го виделе?
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Светот застана. Тишината беше толку неизмерна и неверојатна, како да ви ги наполниле ушите или како да сте го загубиле сетилото на слухот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ох, и јас би сакал да имам ваков змеј! Каде, каде сте го купиле!“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Дали сте го правеле тоа често?“ „Секоја вечер, со години.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Вашите татковци сега, ако се селани, кога сакаат да одат в град, на пазар, ќе се качат на воз или на автобус, или пешки ќе тргнат, па ќе стигнат таму, за да свршат работа и да ви го купат она што сте им порачале па вам целиот тој ден не ви останува ништо друго освен нестрпливо да го чекате некаде под село и уште таму да видите дали сте го добиле она што ви било толку драго.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Затоа, ако сакате да го запознаете Зоки Поки, првин ќе ви препорачаме да ги прочитате приказниве за него, а ако и покрај тоа сакате да го сретнете, ќе мора да појдете од она што сте го дознале за него, и да го барате. Каде ќе го најдете?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Знаеш, пред очи ми беше сиот пат што сте го врвеле за да втасате дури до Костурницата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ж: Ај, ај, ај! Зарем веќе е полноќ?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Впрочем би можел да го претпоставам крајот: очигледно било веќе бесмислено да се продолжи и вие покорно сте го признале тоа, и тоа е тоа, а? Нели било така?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Овошјето од еден обичен плакат го поместува тлото под душникот го лизга ровко и несопирливо и ве пренесува во детството - небаре тоа е на едниот, а вие на другиот крај небаре сте биле еден без друг вие, кои не сте смееле - повторно ја доживувате возбудата на окото и моливот кога сте цртале гроздови, круши и јаболка и сте го наслушнале разговорот меѓу мечтата и раката во којашто се влевал еросот на иднината.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Зарем не ви се случило интензивно да мислите на некого што одмна не сте го виделе, или кој е со километри одалечен од вас, а потоа да дознаете дека во меѓувреме загинал.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Можеби не би се сложиле дека тоа што сте го чуле е музика, но во тој случај овде е вмешана уште една преобразба: она што сте го чуле ја придвижило вашата свест да ги повтори дефинициите за уметноста и музиката кои можат да се најдат во застарените речници.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Вие сте со спор дух, бидејќи својот дух никогаш не сте го донеле до неодложност.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Дали сте го виделе каталогот на работите што ги објавува Cramps?
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Сте го одбрале времето, вели мажот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ами, и Филипа не сте го виделе, прашувам јас.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Никогаш не сте ме запрашале зошто се вика Шесте чешми, тоа сосем нормално сте го прифатиле,а еве, ни дојде Влатко и му се виде необично - Зошто Шесте чешми?“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Значи, се работи само за еден збор, но тој може да вознемири доколку ја наруши хармонијата на овој монумент што сте го извишиле во чест на меморијата на вашите родители.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Вие сте напишале можеби само дел од замисленото, но вие сте сепак целосно проектиран, сте го наложиле кодот на вашето писмо.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Вие сте можеби првиот што тоа сте го кажале, но јас ќе ви раскажам нешто.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И длабоката изгубеност во која Толстој ќе се најде траеше долго време, дури и кога беше женет и татко на семејството за што тој раскажува неколку страници подолу: Јас морав да ги кријам врвците за да не се обесам кога минував помеѓу креденците во мојата соба каде што ќе се најдев секоја вечер соблекувајќи се, и престанував да одам на лов со мојата рушка за да не се обидам на најлесен начин да се ослободам од овој живот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
На начинот на кој ја изнесувате оваа епизода, си велам дека вие можеби помислувате дека сте го оставиле смеењето додека бевте дете, во прегратката на вашата мајка сте морале да ја минете ноќта на другиот брег од вашето Езеро.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И затоа, почитувана Лејбовиц, кога во вашето прекрасно писмо спомнавте дека сте го читале делото на Јусуф Вриони Избришани светови, вие ги поттикнавте во мене спомените за него, кои сигурно не завршуваат само во ова писмо!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
А што се однесува до анархијата која владее, како што велите, во оваа земја, тоа јасно се гледа и од краткиот напис којшто магазинот Телерама му го посвети минатото лето на Патрик Крисман и што ви го испратив (се надевам дека сте го добиле).
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Кметот долго се караше со татко. - Сте го навредиле даскалот – пиштеше тој – сте го посрамиле селото, ете, што сте направиле.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Вие научете го, изучето го, усовршете го... пред борба, а потоа во борба сами ќе се убедите дали добро сте го научиле.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сте го виделе Постоли Гранити или Насо Гарефи? Е, само такви...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Затоа, гледам, ровот, што вчера требаше да биде готов не сте го доископале и го оставивте без одвод.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А со тоа кон човекот што сте го поздравиле, а тој не ви отпоздравил, веќе засекогаш сте го измениле својот однос.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
- Добро што сте го донеле - рече.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Вие сѐ уште не сте го изгубиле хименот.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
ЈАКОВ: Зборувате како митолошки бог! Сте го зеле неговото обличје, сте ја ставиле неговата маска, сте станале неприкосновен, недопирлив, миропомазан фараон.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ќе ве распрашуваат новинари еден ден дали сте го познавале Стево Андреевиќ.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
КАЈМАКАМОТ: Како сте го принудиле да ви каже?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
КЛАУС: Вие сте поет. Толку импресивно-звучеше тоа што ми го издекламиравте што за момент помислив дека однапред сте го научиле напамет. (Гледа на часовникот.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
ПАРАСКЕВА: Па да немам мир. (Пауза) А и што има да се чита? ЈАКОВ: Да. Мажот ви веќе сте го прочитале
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Тоа ви е фала што сте ме чувале како татко, црното од под ноктите сте го ваделе, сте се треселе над мене кога сум имал температура, сте ми го држеле челото кога сум повраќал, сте ми укажале да не се плашам од првата менструација, јас вам така, јас сум гомно едно, пичка ми мајчина.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Никогаш не сте го пуштиле да ви каже.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Немој да сте го ваделе дворот со цревото, - ни свика тој кога заминувавме, - кал ќе се направи, не ќе можам да ја исчистам терасата.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Како да не, сте го нашле – се посомневав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Е, најмногу од сè мразам кога не ми веруваш – се навреди и тргна да си оди.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)