сте (гл.) - ги (зам.)

Султанот може да се допраша, рекоа, кај валијата, кај битолскиот грчки владика, оти ние наш немаме, дали заслужувате одобрение за ѕидање, а тие налутени дека сте ги прескокнале, да му одоворат дека не заслужувате, па и овој пат ништо да не направите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Нас не нѐ интересираат вашите глупави престапи што сте ги направиле.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Каде се Евразија и Истазија? Уште ни нив не сте ги освоиле.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
КУРТА: Не сте ги виделе, затоа сте вакви!
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Вам некако ви е незгодно, се чувствувате непријатно, како да сте ги намокриле нозете, па сепак го следите Сухов, како осуденик.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Но, да тргнеме понатаму... И вие одите понатаму, но веќе преку волја.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Но вие почнувате да го разбирате новиот збор барем до некој степен, затоа што доволно од другите зборови веќе сте ги чуле во вашето минато искуство.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Ако сте биле во трендот во 80-те, барем сте чуле за киберпанк, ако покрај тоа барем малку сте ги следеле литерарните текови, сте знаеле и за Гибсон.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Му се обратив на А.А.: - Дали сте ги читале романите на Достоевски.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Јас не прашувам како сте ги истерале говедата на пасење туку што направил Господ, кој е еден, како на небото, така и на земјата.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Си отидовте задоволни од моето кутнато жолтеење. Верувајќи дека со тоа сте ги покосиле и сите брчки што ми ги довериле луѓето но вие заборавивте дека го оставате мојот корен и дека мојата смисла, всушност, само што не започнала.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Сте ги забележале ли оние наши осамени старички во црно везден што стојат потпрени на оградата и загледани в земи никогаш и ништо што не зборуваат?
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Тогаш и вие ќе почнете да си верувате во вашите доживувања, а кои сте ги зафрлиле во темнината на заборавот, сметајќи дека се невозможни, чудни, измислени.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
МИТРЕ: Штом сте ги загледале!...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Значи, попусто е кога ви велиме дека нам можете сè, ама баш сè да ни кажете, и најстрашните нешта што сте ги сториле ние ќе ги сфатиме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не е важно како ќе реагираме, важно секогаш сме и секогаш во животот ќе бидеме на ваша страна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сте биле некогаш во Јапонија и сте ги гледале Јапонците како работат?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
— Имаше, ама не сте ги виделе, велам, и тие си ги јадат рибите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А колку што ми е мене познато, господине Херцог, вие лошо сте ги воделе интересите на компанијата. Лошо сте работеле.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Почнете со тоа што ќе признаете дека освен мене сте ги замолиле и турскиот Кајмакан и бугарскиот поп Велков да ве критикуваат и да ве учат како да се однесувате.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Едни се со изменето значење, а другите сте ги исфрлиле од употреба.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ми пишувате дека димензиите на албанската диктатура на Енвер Хоџа, најдобро сте ги согледале читајќи ја книгата Избришани светови на Јусуф Вриони, познатиот преведувач на француски јазик на делата на Исмаил Кадаре.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Причината поради која вие не можевте да ми го факсирате вашето писмо од 28 марt е мошне едноставна: не само што сте ги заборавиле двете последни шифри, но исто така сте ги напишале наопаку претходните.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И загледана низ прозорецот кон неколку фрагменти од синото небо кои се појавуваат по бурата, си велам дека бездруго на ист начин сте ги восритале и вашите деца.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Беше кратко, јасно и просто. Да биде и примената на новите правила исто толку проста!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но вие на еден чудесен начин ја поттикнувате мојата размисла во тој правец.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Навистина, јас си помислив, дека на ист начин можела да се исмее сталинистичката идеологија како што вие сте ги замислиле нивните егзекутори кои со толку голема ступидност се нафрлаат на козјиот свет.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Убаво сте ги наплескале, да ви се сурови рацете.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Мис, сте ги допреле ли моите мускули? Обидете се, ви се молам, тоа е вистински челик. Сакате ли да ја скршам масава, со рака?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
При второто читање, обрнувате поголемо внимание на местата што сте ги подвлекле кога сте ја читале за првпат.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Тоа е прекрасно, навистина прекрасно: вашите браќа плаќаат за вашиот престој, вие уживате во слободата во овој затвор, како што ја нарекувате нашава болница, наспроти неслободата и присилата кои сте ги чувствувале надвор одовде, неслобода и присила далеку помали од оние кои ги чувствуваат вистинските болни, секако, вашата неслобода и присила се сведувала на семеен конфликт, а не на длабок раздор во себеси.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Да, вие сте овде навистина како на еден долг одмор.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Со повеќе пари што не сте ги заработиле вие, а и не сте ги заслужиле, се навикнувате лесно да трошите, непотребно да трошите, а тоа е лошо и за вас и за вашите родители, а и за средината во која живеете.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Навистина, јас си помислив, дека на ист начин можела да се исмее сталинистичката идеологија како што вие сте ги замислиле нивните егзекутори кои со толку голема ступидност се нафрлаат на козјиот свет.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А никој не ги запрашува - каде сте ги сечеле? - Сигурно не од сопствениот двор.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Сè убаво сте подготвиле. Камењата сте ги наредиле како меѓа.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Слушам и гледам - сте ги прифатиле трите романи за Милосија - всушност, тоа сум јас, значи, сте ме прифатиле мене низ растењето и созревањето на девојчето, низ животните патила.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Е, тогаш дедо ви ќе се загрижи дека сте ги надлетале и облаците и ќе рече дека е крајно време да ве одведе кај бајачката во соседството - за неа сите знаат дека ептен ја бива за баење од уроци, ама и од секакви летања со умот, нарочно над облаците.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Секако не сте ги расклопиле сите столови?“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Претпоставувам дека сте ги погледнале и огледалата меѓу штицата и плочата, и дека сте ги провериле креветите и чаршафите, како и завесите и килимите.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Оти плачете, бре, ги прашувам војниците, што сте ги надуле гајдите?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Нема сомнение, кога конечно ќе се вселите во овој нов простор, тој сигурно нема да наликува на дом; повеќе ќе биде како хотелска соба, и покрај фактот што ви обезбедува засолниште и дури и луксузи што порано не сте ги имале.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Само таква поезија можете да сфатите, глуперди, и само ваков речник, нагласено директивен и конкретен, може да допре до вашите атрофирани мозочиња кои ионака сте ги заборавиле, еднаш, некогаш, на бербер?!, не ни памтам, важно сум итар и ужасно мразам сѐ што не разбирам. Така треба.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Имате ли можеби мисла за една од оние материјални сили што се зголемуваат со бројот на своите фактори?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Така, значи, пак ништо не сте направиле; грешам, сте ги влошиле работите.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ќе ги броите писателите како војници на некоја армија?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)