сте (гл.) - чуе (гл.)

Бојана прва почна: — Море, сте чуле ли, жени? Илко Сукала довел невеста, мори!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Ами сте чуле ли, мори слепелници? — праша Димана Шојкарова, небарем којзнае каква новина открива.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Фак, тунел. Тек сега ништо не гледам! Како се вика на руски „сте чуле ли вие за сијалица“?
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Речиси без размислување тој рече: „Дали случајно сте чуле некогаш една стара песничка што почнува со „Портокали и лимон“, велат ѕвоната на Св. Клемент?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
О'Брајан продолжи: „Секако сте чуле гласини за постоењето на Братството.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ама вие- нити нешто сте чуле, нити нешто сте виделе. Да се разбереме, - рече Коте.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ни нешто сте чуле, ни нешто сте виделе. Се разбравме... Ајде сега, како што ви реков.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Па, зарем не сте чуле за грофицата М-дам Де Стал?
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Сте чуле ли за Дардаванија, татковината на снежните џуџиња? Секако, не.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Сте чуле ли за стрико Благоја од Пелинце, за оној добродушен човек што умре пред две години околу Водици?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
„Не го познавате? Па јасно! Вие денес се распукнавте и уште не сте чуле за него.“
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
За Лумана арамијата сигурно сте чуле!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ваква песна вие сигурно не сте чуле.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)