сте (гл.) - тргне (гл.)

Барем тие да ве натераа да размислите малку на каков пат сте тргнале!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но, кога секретарот го спомна „комунизмот”, тој итро го прекина: – Ние, брате, со нашите кози, се враќаме од комунизмот, а вие дури сега сте тргнале кон неговото остварување.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И додека на екранот се појавуваа убавите планински пејсажи на пелистерските планински височини, спикерот заклучуваше: Ако сте тргнале на одмор или планирате одмор, не заборавајте дека во светот постои вакво убаво катче за одмор и толку гостољубиви луѓе, кои денес можат да се сретнат во приказните...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Гоце, за да го прекине молчењето праша: - Каде сте тргнале, алагар, ако можам да ве прашам и ако немате ништо против?
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)