сте (гл.) - сонува (гл.)

Всушност, секоја голема љубов почнува, како што рековме, со три мали лаги.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Важно е дека на мажите обично им недостасува малку внимание, па за препорака е некој кој бил доволно внимателен да ја забележи во тревата или на улицата загубената обетка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
— Од кај дознаа што сте сонувале?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таа норма обајцата делумно сте ја исполниле, лажејќи дека сте сонувале нешто што не сте сонувале и давајќи ги своите лажни податоци, своите лажни имиња.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ако таа е Асенета, може да се претпостави дека сепак ќе ви понуди да седнете и да ѝ раскажете што сте сонувале претходната ноќ.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)