сте (гл.) - смее (гл.)

Неговиот обичен разговор со пониските беше строг и се состоеше речиси од три реченици: „Како сте смееле?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Овошјето од еден обичен плакат го поместува тлото под душникот го лизга ровко и несопирливо и ве пренесува во детството - небаре тоа е на едниот, а вие на другиот крај небаре сте биле еден без друг вие, кои не сте смееле - повторно ја доживувате возбудата на окото и моливот кога сте цртале гроздови, круши и јаболка и сте го наслушнале разговорот меѓу мечтата и раката во којашто се влевал еросот на иднината.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Не, не сте смееле да го испраќате предлогот до надлежните републички органи, а мене само да ми го поднесете на парафирање.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
- Според прописите тоа не сте смееле да го сторите!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)