сте (гл.) - работи (гл.)

А колку што ми е мене познато, господине Херцог, вие лошо сте ги воделе интересите на компанијата. Лошо сте работеле.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
И треба да се разбере пред да биде доцна дека се за што сте работеле напорно во животот може да исчезне само со една лоша одлука.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сигурно сте работеле вчера.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Преформулирање на минатото, ставање се во нова рамка, секој болен настан.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
МАРА: Така е, срце, и вам еден господ ви знае како сте работеле за да донесете некој динар дома...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)